Роналдо испрати порака по триумфот над Македонија

Кристијано Роналдо со Лионел Меси влегоа на вечната листа на фудбалери кои играле (обезбедија пласман) на 5. Светски првенства. На оваа листа се само уште Лотар Матеус, Мексиканците Рафа Маркез и Антонио Кабрахал и Џанлуиџи Буфон.

„Целта е остварена, ние сме на СП во Катар, ние сме на местото кое ни припаѓа!“

„Им благодарам на сите Португалци за безрезервната поддршка! Напред Португалија!“, напиша Роналдо на социјалните мрежи под славеничката фотографија.

Најдобриот фудбалер на сите времиња по мислење на многумина, е играч со најмногу настапи за Португалија (186) и најмногу голови за својата репрезентација (115). Дебито за „селесао“ го имал на 20 август 2003 а дуелот со Македонија за пласман на Мундијал му беше  186-ти во дресот на Португалија.

Роналдо е фудбалер со најмногу голови за Португалија на Европски првенства (14), најмногу хет-трикови (10), два пати дал по 4 гола за репрезентацијата. Рекордер е по број на настапи на Светски првенства (17 натпревари досега) и на Европски првенства (25 досега).

На мечот со Македонија Пепе стана рекордер како највозрасен репрезентативец кој некогаш го носел дресот на Португалија. На денот на мечот имаше 39 години, 1 месец и 3 дена.

30 март 2022 - 11:02