Интересна средба на српскиот и хрватскиот селектор

Во Доха (Катар) во петок од 17 часот ќе се извлече ждрепка за групите на Светско првенство 2022. За таа прилика селекторите на сите пласирани репрезентации се собраа во земјата домаќин. Фин муабет имале предводниците на Србија Драган Стојковиќ - Пикси и Хрватска Златко Далиќ.

„Кажи ми искрено кого би сакал да избегнете?, го прашал Пикси, а Далиќ како од топ вели: „Франција“.  А и двајцата од прв шешир го сакаат само домаќинот Катар.

Шеширите пред утрешната ждрепка:

31 март 2022 - 11:04