Фудбал

Среќен роденден легендо, и 100ка да си дочекаш

На 19 ноември 1935 во Кавадарци, (доцниме еден ден со честитките), роден е Андон Дончевски. Асоцијација за Вардар и македонската фудбалска репрезентација.

Пусти Столе едвај во такси влезе од шпанските новинари

Додека Македонија во Цирих го чекаше противникот во баражот за Светско, во Шпанија новинарите го чекаа Столе Димитриевски уште на аеродром. Причина? Тврдењата во подкастот на Лазаров, дека во Валенсија нема вистинска конкуренција, поради тоа што Жулен Агирезабала дошол како втор голман, но морал да брани 30% од мечевите, затоа што имал таква клаузула во договорот. Во спротивно, тимот ќе треба да плаќа пенали.

Како Македонија играла против Данска низ историјата?

Македонската фудбалска репрезентација денес го дозна ривалот во полуфиналето на баражот за пласман на Светско првенство и евентуалниот противник во големо финале. Прво ќе мора со Данците во Копенхаген да се води силна борба.

Македонија на мегдан со Данска во полуфинале

Македонската фудбалска репрезентација конечно го дозна патот до Светското првенство, за кое ќе и бидат потребни две јуначки битки.

Меси доби посебна награда од Барселона и ја прими со насолзени очи

„Не сакав да ја напуштам Барселона. Се надевав дека ќе ја поминам целата кариера таму. Тоа е мојот дом, кој многу ми недостига. Се надевам ќе се вратиме, за повторно да живеам во градот што го сакам.“

Гол на Нејмар кој вешто избегна офсајд

На четири кола пред крајот од бразилската најсилна Серија А, славниот и трофеен Сантос е на само 1 бод над опасната зона која значи испаѓање во втора лига. Нејмар и Сантос во претходните 2 кола им земаа 4 бода на две екипи од Топ 4 кои се борат за самиот врв. Прво го совладаа Палмеирас и му ја отежнаа борбата со Фламенго за титула, а синоќа Нејмар со гол му донесе бод на Сантос против четвриот Мирасол.

Комедија на векот во македонската трета лига

Ренова и Вардар Брвеница го режираа видеото кое се очекува да стане вирално во македонскиот интернет и пошироко. Едниот се обиде да шутне, се лизна и му ја подаде на голманот, а пак голманот на Ренова...Инаку се работи за меч од 9. коло во Трета лига – Запад, кој заврши 2:3. Сценава е надреална.

Гол, солзи и збогум од репрезентацијата за Тему Пуки

Во репрезентативните битки овие денови, имаше многу солзи радосници за мундијалскиот пласман, но и тага кај еден од капитените. 35 годишниот Тему Пуки се прости од селекцијата на Финска на пријателска против Андора со многу емоции. Плачеше и тој, но и сопругата и мајката кои му ракоплескаа од трибина. Се повлече како прв стрелец на националниот тим со 42 гола, како и 132 настапи. Повеќе од него има само Јари Литманен (137). Дебитираше на 18 години.

Што е тоа меѓуконтинентален бараж за Светско првенство и кој ќе игра?

Познати се 42 од 48 сигурни учесници на Светско првенство 2026. Преостанатите ќе се дознаат по завршување на баражот. Во Европа ни е познато како функционира овдешното доигрување, а ФИФА веќе со децении организира и меѓуконтинентален бараж за некои далечни егзотични земји.

Се сретнаа Кристијано Роналдо и Доналд Трамп

На официјална свечена вечера во Белата куќа каде домаќин бил првиот човек на САД Доналд Трамп, а меѓу главните гости саудискиот принц Бин Салман и славниот Кристијано Роналдо, се зборнало и за фудбал.

Кристал Палас па сите други

Да смириме малце нервите со тоа дебаклот од синоќа. Погледнете колку е напреден Кристал Палас технолошки, во однос на размислувањата кон своите навивачи. Станаа првиот фудбалски клуб во светот, кој нуди постојана технологија за навивачите со оштетен вид, со цел да им го подобри искуството на натпреварите. 

42 познати учесници на Мундијалот од можни 48

На шест и кусур месеци до стартот на Светското во САД, Канада и Мексико, имаме 42 познати учесници, а слободни места имаше уште шест. Од екс ју земјите, за сега е само Хрватска. Словенија, Србија и Црна Гора ќе бидат гледачи, а Македонија и БиХ ја имаат последната шанса преку бараж.

Курасао и Хаити одат на Светско првенство!

Како и што најавувавме пред извесно време, репрезентацијата на Курасао успеа да испише историја и за првпат да се пласира на еден Мундијал. Стана најмала земја во историјата која некогаш се квалификувала за Светско првенство.

Австрија и го сруши сонот на Босна за Мундијал 2026, ќе мораат во бараж

Фудбалската репрезентација на Австрија обезбеди пласман на Светско првенство 2026 откако одигра 1-1 против Босна и Херцеговина на домашен терен во Виена и го сочува првото место.

Шкотска оди на Светско првенство после незамислива драма со Данска

Во светот има многу спортови и секој е убав на свој начин. Ама она што може да го исценира фудбалот, не може ниту еден друг спорт. Вечерва во Глазгов играа Шкотска и Данска. На Шкотланѓаните им играше само победа за директен пласман на Светско првенство. На Данците им одговараше и бод за да избегнат тежок и мачен бараж.

Потоп на Македонија во Велс, познати се можните противници во баражот за Светско

Македонската фудбалска репрезентација го претрпе првиот пораз во квалификациите за Светско првенство и тоа убедлив. Вечерва во Кардиф, Велс славеше со 7:1 (3:1), највисока победа во последните 47 години за нив, и го освои второто место во групата. Македонија оди во баражот благодарение на Лига на Нации, а противниците таму ќе ги дознае во четврток.

Босанска инвазија во Виена пред битката вредна Светско

Австрија и БиХ вечерва имаат директна пресметка за првото место кое носи во САД. Австријците имаат 18 бода, а Босанците 16, што значи мора да победат, ако сакаат да го слават своето второ учество. Дебитираа во Бразил 2014. Според проценките, помеѓу 20.000 и 25.000 навивачи ќе го бодрат тимот на Сергеј Барбарез, а во австриската престолнина доаѓаат босанци од Швајцарија, Германија, Америка, па се до Сараево, Зеница и Високо.

Говорот на селекторот на Норвешка пред мечот со Италија

Секогаш е интересно да се чуе што им зборуваат тренерите на фудбалерите пред натпревар и во нивните говори може да се забележи дека нема многу филозофирање. Стол Солбакен беше кус и јасен и со прости зборови им кажа на своите избраници, како треба да се претстават на гостувањето во Италија, кое и да го загубеа ќе беа први.

Нејмар рекреативно

Трофејниот бразилски клуб Сантос од каде потекнаа Пеле и Нејмар, води грчевита борба за опстанок во тамошната прва лига Серија А. Сантос е само едно место над зоната која води во втора лига, со 36 бода, 1 повеќе од Виторија. Синоќа го победија Палмеирас со гол во 90+1' минута а Нејмар пак се глупирал.

А на Македонија и дале ли гол?

Налетавме на фото приказ, каде стојат по шест репрезентации, на кои четворицава господа им дале најмногу голови во кариерата. Во однос на шегата од насловот, само Кејн ја затресол мрежата на Македонија, два пати, а Левандовски и Роналдо играле по два пати, ама не биле стрелци. Ниту па Халанд, ама тој не ни играл против нас.

Луд гол на голман со ножички во Франција

Во раната фаза од Купот на Франција играат малку познати нисколигаши. Ама таму е правиот фудбал, оној мераклиски за ќејф на гледачите. На дуелот меѓу АС Витре и Плуворн, гостинскиот голман Орелијан Дениел го израмнил резултатот на 1-1 во длабоко судиско продолжение со еврогол од ножички. После на пенали одбранил два пенали и со вкупен резултат 4:3 го исфрлиле Витре од Купот на Франција. Филмска приказна.

Мурињо ги донел младите деца на тренинг со прв тим

Легендарниот португалски тренер ја води Бенфика. Таму во последно време покажува каков благороден човек е. Често одел во менза во академијата да појадува со младите фудбалери а сега истите ги довел и на тренинг на првиот тим. Да гледаат како тренираат постарите.

Најинтересните моменти од дербито во Подгорица

Го носи епитетот дерби, поради она балканското, како две екс ју земји, но не и според квалитетот. Но, сепак Црногорците и покрај тоа што завршија претпоследни, зад Фарски Острови и само пред Гибралтар, пружија силен отпор. Водеа 2:0 после 17 минути игра, но загубија 2:3. Ги издвојуваме головите на Крстовиќ и Влашиќ, како и одбраната на Ливаковиќ на крај.

Норвешка слави, 50.000 луѓе ги пречекаа хероите

Селекцијата на Норвешка прави кам бек на Светско после пауза од 28 години. На тој Мундијал во Франција 1998 стигнаа до осминафинале, а претходно имаат уште две учества: 1994 и 1938. Четвртиот пласман го прославија со фешта. Халанд и другарите имаа голем пречек во Осло.