Јоане Виса е јунак на вечерта на Светското првенство откако на истекот од првиот дел, во последни секунди од судиското продолжение постигна прекрасен гол со глава против Португалија.
Ова е прв историски гол на ДР Конго на едно Светско првенство.
Но приказната на Виса за малку ќе беше поинаква...
Во јули 2021-ва година, на само месец дена пред да се пресели во англискиот премиерлигаш Брентфорд од француски Лориен, сонот му се претворил во ноќна мора.
Фудбалерот Виса бил нападнал во својот дом од жена која што му фрлила солна киселина врз лицето кога ѝ отворил врата. Можел да го изгуби видот и да ја заврши кариерата. Жената подоцна е осудена на 18-годишна казна затвор за обид да ја украде ќерката на Виса.
Само неколку дена по страшниот напад кој го потресе фудбалскиот свет, тренерот на Лориен, Кристоф Пелисие го посетил центарфорот во болница.

„И покрај тоа што беше физички и психички погоден, Јоане брзо покажа желба да се врати. Што најмногу ме погоди во врска со него беше неговата снажна волја и тоа што никогаш не се предава“.
А таква воља покажуваше и во текот на кариерата.
Тој почнал да игра на маалски игралишта во родната Франција, настапувал пред помалку од 3.000 гледачи на стадиончиња како она во Шамбли во француската втора лига каде играл во 2019-та.
А сега е фудбалер за кого зборува светот. По трансферот од Брентфорд во Њукасл вреден огромни 55 милиони фунти, тој стана фудбалер кој играше и во Лига на шампиони против една Барселона на „Камп Ноу“.

„По нападот, тој никогаш не се пожали. Сакаше веднаш да тргне напред и блесокот кој го направи е само награда за неговите напори“, рекол еднаш Пјер-Ивес Хамел негов поранешен соиграч од Лориен.
Тој во кариерата играл за Шатеру, Анже, Лавал, Ажаксио, Лориен и Брентфорд пред да дојде во Њукасл каде веќе е главен играч на екипата.
За репрезентацијата на ДР Конго првпат добил повик во 2020-та година. Од тогаш има 40 натпревари и 10 гола за „Леопардите“. Највредниот токму синоќа на 17-ти јуни кога ги олади силните Португалци.
Му се остварил уште еден животен сон, по оној да игра во Премиер лига, сега даде гол и за својот ДР Конго на Светско првенство....
🤣📱 The two guys at the front definitely got a goal notification on their phone DR Congo scored vs Portugal. 🇨🇩 pic.twitter.com/5dJhZ4Y8Z0
— EuroFoot (@eurofootcom) June 18, 2026