Уживајте во редовниот избор на TVGOLO на најдобрите 10 голови од изминативе 7 дена. Меѓу нив се ножичките на Рикардо Фати, магичниот скок на Роналдо, слободниот удар на Герет Бејл...
Израмнувачкиот погодок на Кристијано Роналдо на дуелот од Лигата на шампионите против Манчестер Јунајтед, ја покажува силата на овој фудбалер кој може да скокне повеќе од просечен кошаркар во НБА лигата.
Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, кој е најдобар стрелец во историјата на националниот тим со 26 гола, сезонава е во најлошата форма во дресот на Наполи. Во неговата кариера до сега не му се случило да не постигне гол на 20 натпревари во низа.
При водство од 0:1 на гостите во 95-та минута, голманот на Атлетико Мадрид, Асенхо реши да оди на се или ништо и се пресели пред противничкиот гол. Но овој пат ризикот воопшто не се исплатеше и Рубин Казањ и со играч помалку славеше на гостувањето кај актуелниот шампион на Лига Европа со 0:2.
Фудбалската федерација на Холандија ќе испрати официјална молба до ФИФА со која ќе се бара нивна реакција и барање за промена на начинот на кој фудбалерите реагираат на судиските одлуки на игрицата ФИФА 13.
Големи се шансите дека веќе од март нема да имаме ниту еден претставник во европските натпреварувања. Горан Пандев е пред елиминација по дебаклот на Наполи на домашен терен со Викторија Плзен, а Стеауа на Даниел Георгиевски загуби на гостувањето кај Ајакс.
За сексуалните активности на фудбалерите на Нигерија кои ги добија како ветување од Здружението на проститутки немаме информации, но денеска се огласи претседателот Гудлак Џонатан кој одлучи да ги награди со земјиште.
22 годишниот Дани Велбек кој вчера ја замолче публиката на „Сантијаго Бернабеу“, фудбалските мајстории ги изучувал во академијата на Манчестер Јунајтед од поранешната машина за голови, Руд ван Нистелрој. На снимката Велбек има само 14 години.
Претседателот на италијанскиот прволигаш Лацио продолжува со неговиот препознатлив дрзок и уценувачки однос кон фудбалерите кои одбиваат да ги продолжат договорите. Во оваа сезона само поради неговиот инает, страдаат кариерите на дури четворица играчи. Ситуација слична како онаа на Пандев.
За некого е Валентајн, за некого е Свети Трифун, а за љубителите на фудбалот е денот кога започнуваат дуелите од нокаут фазата во второто по ранг натпреварување во Европа.
Првиот човек на италијанскиот прволигаш Масимо Челино, градоначалникот на Кварту, Мауро Контини и уште еден советник од општината, утрово се уапсени од страна на италијанската полиција поради проневера со пари.
Најскапиот Шпанец во историјата на италијанскиот фудбал за кого Серџо Крањоти во 2001 година плати 90 милијарди лири (48 милиони евра) за да го доведе во Лацио, заплива во музички води.
По вчерашниот дуел помеѓу Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед кој заврши со резултат 1:1, Мурињо и Фергусон беа едногласни дека шансите остануваат 50-50, но статистиката не вели така.
Иако конечниот резултат на мега пресметката помеѓу Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед заврши 1:1, гигантите на европскиот фудбал ги оправдаа очекувањата. Вториот дуел во Украина исто така заврши без победник, а на крајот беше 2:2.
Двете земји кои царуваат во оваа дисциплина, (особено Русија) и кои имаат заедно освоено 105 златни медали на Олимписките игри, најавија дека од Меѓународниот олимписки комитет (МОК) ќе бараат борењето да не се брише од Олимпијадите.
Стадионот „Арена де Гремио" каде што настапува бразилската екипа Гремио, поради безбедносни причини ќе мора да ја затвори северната трибина за следниот натпревар во Копа Либертадорес.
По пауза од четири години, двајцата големи тренерски имиња за кои секојдневно се пишуваше во англиските медиуми додека се препукуваа на островот, повторно ќе ги вкрстат копјата. Вечерашната дерби пресметка помеѓу Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед за нив ќе претставува 15-то меѓусебно соочување.
Осминафиналето од Лигата на шампионите не е само дуел помеѓу клубови, туку и битка помеѓу брендовите. Сумираните резултати покажуваат дека најуспешни се клубовите и играчите кои носат Најк.
По победата над Барселона, Род Стјуарт заплака од среќа, но по синоќешниот натпревар солзите кај навивачите на Селтик беа од тага. Тие повторно направија прекрасна атмосфера, но Јувентус со трите гола ја уништи секоја надеж, па долго по натпреварот неколку навивачи не можеа да се помират.
Екипите на Селтик и Валенсија се покажаа како многу добри домаќини и им дозволија на Јувентус и ПСЖ да ги напуштат нивните стадиони со целиот плен, а италијанскиот шампион веќе можеме да го прогласиме и за четвртфиналист во Лигата на шампиони.
Со оглед на малата неизвесност во некои од најквалитетните првенства на стариот континент, каде прашањата за титулите се речиси решени предвреме, елитниот собир на најдобрите европски екипи е добредојден во вистински момент.
Не му доаѓа паметот на Жозе Мурињо. И покрај тоа што пред 2 години заработи суспензија од УЕФА за нечесната „стратегија", португалскиот стратег на натпреварот против Севиља ги натера Арбелоа и Модриќ да заработат жолти картони.