Арената Фонте Нова изградена за потребите на Светското првенство во 2014-та година со капацитет од 56.000 гледачи, синоќа остана со 55.990 празни седишта.
Разочараните навивачи организираа бојкот кој се покажа како доста успешен откако за натпреварот од бразилскиот куп против Луверденсе беа продадени само 10 влезници.
Навивачите биле разочарани од слабите резултати и константните промени на тренерите. Само овој месец биле сменети двајца тренери, а последната промена се случила по поразот од локалниот ривал Виторија. Единственото нивно барање е оставка на претседателот Марсело Гимараеш Фиљо кој е на чело на клубот од 2009-та година.