41 годишниот Рицоли кој од 2007 година е интернационален арбитар е избран од страна на Судиската комисија на Уефа за главен судија на финалниот меч од најелитното клупско европско натпреварување кое се игра наредната сабота во Лондон.
На Рицоли ќе му помагаат уште четворица судии од Италија. Ренато Фаверани и Андреа Стефани се назначени за линиски судии, додека Џанлука Роки и Паоло Таљавенто ќе стојат зад головите. Судиската шесторска ја дополнува Словенецот Дамир Скомина.
Никола Рицоли го судеше финалето од Лигата на Европа во Хамбург во 2010 година, кога Атлетико Мадрид по продолженијата славеше над Фулам, а потоа судеше и на 3 меча на ЕУРО 2012. Во Лигата на шампионите зад себе има 26 натпревари, од кои 4 оваа сезона.