Баерн Минхен ја надигра Барселона и сосема заслужено ќе патува на реваншот со голема предност, но сепак останува впечатокот дека судијата Виктор Касаи донесе неколку неправилни одлуки со кои директно делуваше на натпреварот.
Каталонскиот тим предводен од најдобриот играч на планетата Лео Меси беше тотално надигран и немоќен на првиот полуфинален дуел од Лигата на шампионите. Баерн обезбеди убедлива предност од 4:0 на првиот дуел на „Алијанц арената" во Минхен и е речиси финалист.
Ѕвездата на женскиот германски фудбал по осум години верност во Баерн Минхен, од наредната сезона ќе настапува за Турбине Потсдам, еден од најтрофејните женски фудбалски клубови во Германија, каде настапува и нашата репрезентативка Наташа Андонова.
Со пензионирањето на Пипо Инзаги не заврши ерата на “глумците“ на спортските натпревари. Во најсилната кошаркарска лига во светот од оваа сезона се делат казни за симулаторите на фаули, а најинтересните кои ги ловеле камерите еве ви ги во едно клипче.
Во обидот да ја добијат организацијата на Светското првенство во 2022-та година, Австралија дели „донациии" на Карибите во 2010-та година, но не само што не ја добиваат нивната поддршка и Светското првенство го добива Катар, туку по 3 години се открива и дека парите завршиле во џебот на поранешниот потпретседател на ФИФА.
Гостите од Чорноморец во 26 минута први поведоа против Металист во украинското првенство, но бразилецот Ксавиер не им дозволи да се порадуваат ниту една минута. Топката од средината на теренот ја смести директно во гол и експресно брзо го израмни резултатот.
Фудбалерот на Лече, Осман Драме кој во јануарскиот преоден рок го засили италијанскиот третолигаш, изгледа дека за рекордно време ќе се збогува со колегите, затоа што направи глупост што не му успеала ниту на Балотели.
Двата големи гиганти на европскиот фудбал кои доминираат оваа сезона во домашните првенства ќе се соочат на првиот полуфинален меч од Лигата на шампионите кој се игра во Минхен. Средба на која слободно може да и го дадеме епитетот финале.
Не дека може да се фрли било каква дамка на доминацијата на Манчестер Јунајтед во Премиер лигата оваа сезона, но сепак судиите на денешниот натпревар можеа малку подобро да си ја завршат работата при постигнувањето на головите.
Најтрофејниот фудбалски клуб во Премиер лигата, екипата на Манчестер Јунајтед, ја освои јубилејната 20-та титула. „Црвените ѓаволи" ја потврдија моменталната доминација во англискиот фудбал обезбедувајќи ја титулата на 4 кола пред крајот на сезоната со победата над Астон Вила.
Во наредните два дена фудбалска Европа ги нуди двете големи полуфинални битки од ЛШ, во кои Баерн и Борусија Дортмунд на првите дуели им се домаќини на Барселона и Реал Мадрид. Погледнете ги какви се привилегиите на германските навивачи во однос на шпанските.
Иако се работи за италијански четвртолигаш, клубот на секој натпревар има поддршка од над 10 илјади навивачи кои веќе го слават влезот во трета лига, но и на посебен начин му оддадоа почит на нивниот легендарен водач Кармине Риналди.
Додека фудбалскиот тим бил на подготовки пред почетокот на сезоната, локалните власти решиле на дел од нивното игралиште да изградат улица. Не, ова не е приказна од Македонија. Вакви работи се случуваат и во Норвешка.
Љубителите на фудбалот кои не ја сакаат Барселона, особено навивачите на Реал Мадрид, често пати знаат да кажат дека Каталонците претеруваат со "тики-така" играта и дека не можат да победат без Лионел Меси. Оваа статистика ќе им ја побие тезата.
Грубости и нежности го одбележаа овој викенд на фудбалските натпревари. Човек без осет беше Суарез, додека Ренато Чивели од Ница кој имаше задача да го чува Ибрахимовиќ, за малку ќе му направеше шливка.
Ние се радуваме на колички за обележување на линиите на теренот, а генијалците од 4-та романска лига ги моторизираа носилките. Додуша, не е баш носилка, ама важно врши работа, а и не им е досадно на гледачите за време на повреди на фудбалери.
Поранешниот младински репрезентативец на Шпанија и член на Барселона, Џонатан Соријано постигна хет-трик. Но тоа не е ништо ново. Веста е дека влезе во игра во второто полувреме затоа што неговата сопруга се породила и тој задоцнил на натпреварот.
Со победата од 1:0 во 30-то коло во германската „Цвајта", еден од основоположниците на фудбалот во Германија, екипата на Херта од Берлин обезбеди пласман во елитата.
И оваа недела уредниците на TVGOLO имаа тешка задача да ги изберат најдобрите 10 голови од изминатите 7 денови. Помеѓу номинираните се мајсториите на Давид Луиз, Демба Ба, Кристијано Ронално, Хавиер Пасторе...
Промашената инвестиција на „Црвените ѓаволи" доста искрено си ја опиша неуспешната авантура во Манчестер Јунајтед, каде мака мачел да го разбере шкотскиот акцент на Сер Алекс Фергусон кој пак на младиот фудбалер му се обраќал со „Бејби".
Камерунскиот репрезентативец кој на Купот на конфедерации пред 10 години колабираше на сред натпревар и ја потресе светската фудбалска јавност, ќе добие посебна почит од навивачите на Манчестер Сити и Вест Хем.