Фудбал

Милан царува во 2013 година

По првиот дел од сезоната во Серија А во кој „Росоњерите" имаа мизерен старт и долго време беа потонати во долниот дел од табелата кој носи испаѓање во втората лига, од стартот на новата година како да се појави "нов" Милан кој не знае за пораз во домашното првенството.

Ај пак влези на терен

Екипата на Бурсаспор загуби со 2:0 на гостувањето кај Касимпаша, а нивните навивачи секако не беа задоволни со резултатот. Еден од нив сакаше да го нападне голманот Харун Текин и долго време ќе се кае за ова негово влегување на терен. За неговата реакција ќе се кае и самиот голман кој на крајот го фрли дресот и стана најомразен фудбалер во неговата екипа.

Европската унија ќе ја прекине шпанската фудбалска доминација

Шпанија е актуелен европски и светски шампион и има три претставници во четвртфиналето на Лигата на шампиони, но нивната доминација во светскиот фудбал наскоро би можела да биде прекината и тоа со налог на Европската унија.

Голот на викендот

Немавме време да ги изгледаме сите голови постигнати викендов, но и без да ги видиме другите, признанието за најдобар гол му го доделуваме на Араз Озбилиз од Кубањ на натпревар од руското првенство против Спартак Москва.

На Мулумбу му дојде преку глава

Јусуф Мулубму од Вест Бромвич Албион изгледа дека е доста нервозно момче. Ваква реакција на фудбалски натпревар сигурно сте виделе само во некое маалско или селско дерби.

Најидиотската рутина за слободен удар

Австрискиот четвртолигаш Вајц го изведе најсмешниот слободен удар во историјата на фудбалот. Веднаш штом ќе видите како двајца фудбалери клечат пред живиот ѕид, знаете дека нешто интересно ќе се случи.

Голови на неделата

Изминатата недела во ФИФА терминот не се одиграа многу натпреави, но и на овие мечеви беа постигнати убави голови. Погледнете го изборот на најдобрите 10.

Како завршија врсниците на Тоти

Принцот на Рим, како што го нарекуваат италијанските медиуми, вчера одбележа 20 години од неговиот прв настап во Серија А, но и покрај годините тој се уште е главна алка во играта на Рома. Еве што прават дел од славните фудбалери на негова возраст.

Збуни го непријателот со дупли бројки

Бразилски фудбалски клуб смисли нова тактика за да го збуни противникот. Двајца фудбалери играле со број 5, а на судијата му требало 26 минути за да ги примети.

Реал Мадрид за прв пат има комплетен тим

За прв пат оваа сезона, Жозе Мурињо на тренингот на Реал Мадрид на располагање ги имаше сите 25 фудбалери.

На Платини му е скапа новата технологија

Претседателот на УЕФА, Мишел Платини изјави дека применувањето на новата технологија на гол-линијата ќе чини премногу пари и дека таа сума би ја насочил кон други проекти. Станува збор за 54 милиони евра за 5 години.

ФФМ призна дека утнале при гласањето на Пандев

Фудбалската федерација на Македонија испрати соопштение со кое признаваат дека грешката при гласањето во изборот на ФИФА за тренер на годината е кај нив и дека Пандев неправедно бил обвинет дека лаже.

Не издржа срце јуначко и глава киксерска

Осоколени после добрите игри претходно у циклусот, а и после две пива пред утакмица се лупавме у груди како идеме на победа и освета за оние неправедни 0:2 у Скопје. После 15 минути ни беше јасно дека Белгија е класа изнад нас а после пола саат дека бункерот мора да издржи пошто гол не даваме.

Пеле бара втора шанса

Иако поради тешки болести докторите му рекле дека мора да и стави крај на фудбалската кариера, 30 годишниот Јоан Пеле успеа да ги победи и по три години пауза се врати на зелените терени.

Темната страна на фудбалот

Хомофобија, пороци и обложување. Ова се главните теми во книгата со наслов „Јас сум таен фудбалер",во која се раскажани животите на фудбалерите кои ги водат, кога не се наоѓаат на терените. За сега не се знае името на фудбалерот, но познато е дека настапувал за Англиската репрезентација.

Како Марадона уживаше во фудбалот

Пред најпопуларната споредна работа на светот да стане модерна игра на пари, а играчите да се преоптоварени со количината на гелот на нивната коса и спонзорските договори, фудбалот беше една голема забава во која уживаа сите. Дури и најобичната рутина за загревање на Марадона имаше посебна убавина.

Англичаните губат 30 милиони ако не се пласираат на СП

Како и пред секои квалификации и пред почетокот на овој циклус Англичаните тврдеа дека е дојдено нивното време и ќе атакуваат на златото на Светското првенство во Бразил, но не само што можат да останат без пласман, туку и ќе загубат огромна сума на пари.

Тајната на успехот за спортистите

Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) ја претстави листата со јадења која треба да им биде приоритет на фудбалерите. Режимот на исхрана не смее да биде занемарен во патот на успехот кој го посакува секој професионален играч.

Кладилница - Челси 2:0

Пишувавме за кампањата на Paddy Power со исмевањето на познати фудбалери кои се резерви во своите тимови на кои им предложија нова работа. Локалните власти наредија отстранување на билбордот за Фернандо Торес, но маркетинг секторот на кладилницата доби нова идеа.

Најмладата репрезентација хит на квалификациите

Иако за селекцијата на Црна Гора ова е само втор квалификациски циклус на светските првенства, според резултатите кои до сега ги оствари, претставува вистинска сензација. Црногорците предводени од селекторот Бранко Брновиќ со вчерашното реми против Англија, го одбранија лидерското место во групата.

Сопри го Балотели (ако можеш)

Фудбалерите на Малта на секој начин се обидоа да го сопрат Марио Балотели на синоќешниот квалификациски дуел со Италија, но не успеаа во својата намера. Италија победи со 0:2 и тоа со два гола на Балотели.

Монако со руски милиони во лов на ПСЖ

Поранешниот француски шампион и финалист од Лигата на шампиони, прославениот клуб Монако кој во моментов се натпреварува во втората лига, со помош на милионите на Русинот Дмитри Риболовљев оваа година ќе се врати во првата лига, а следната сезона ќе стане поголем хит и од ПСЖ.

Суарез му удри бокс на фудбалер на Чиле

Луис Суарез е еден од подобрите напаѓачи во моментов, но и еден од најнечесните фудбалери. Освен што добро глуми, тој знае и да удри. За време на натпреварот кој Уругвај го загуби при гостувањето кај Чиле со 2:0, Суарез по кошкањето во шеснаесетникот му удри бокс на противничкиот фудбалер Гонзало Хара.

Србија ни бега, Хрватска цели кон СП

Освен дуелот помеѓу Македонија и Белгија, синоќа се одиграа уште два други натпревари од нашата квалификациска група за Светското првенство во Бразил на кои репрезентациите на Хрватска и Србија беа поуспешни од нивните противници од Британија.