Стандардните наградни игри носат телевизор, автомобил или некоја парична награда, но ова е многу пооргинално и претставува сон за секој навивач кој би се "стопил" од радост ако му се случи.
Во најмалата репрезентација која до сега настапила на натпреварување под капата на ФИФА и која се радуваше што ќе игра рамо до рамо со големите ѕвезди на светскиот шампион Шпанија се крие натрапник кој користел недозволени стимулативни средства во Бразил.
Сагата околу велшкиот фудбалер Герет Бејл секој ден добива на интезитет и се чини дека е неисцрпна тема која најмногу ги продава весниците во Англија. Зад големата ѕвезда на Тотенхем се кријат тројца "големи играчи" кои сакаат да го поделат колачот.
Патот до успехот некој го пронаоѓа со повеќе среќа, а друг со многу талент. Но во примерот на стратегот на Манчестер Јунајтед сигурно дека се работи пред се за голема упорност и љубов кон фудбалот.
Фудбалерот на Наполи, Хуан Ѕунига им направи голем кејф на навивачите на Наполи. Откако се појавија шпекулации дека можно е да замине во Јувентус, тие му направија тест кој успешно го положи. Пееја „Кој не скока е за Јувентус“, го ловеа околу 3 минути со камера и по постигнувањето на голот против Галатасарај тој на неколку пати им одговори.
Носталгија, пари и желба. Тука некаде треба да се бараат причините за фудбалерите кои откако ќе ги закачат копачките на клинец, не можат да се помират дека им завршил работниот стаж на теренот. Го облекуваат дресот, ја земаат топката в раце и назад на работа.
Ударот од белата точка е "коњак" позиција за фудбалерите од каде ретко грешат, а за добрите мајстори на „слободни удари" спортските коментатори знаат да кажат дека ова е половина пенал. Професори од САД докажуваат дека и од корнерите имало голем ќар.
Интересна слика кружи на Твитер. Премиерлигашот Ливерпул ќе ги учи своите навивачи како да се одвикнат од дискриминирање за време на натпреварите на „Енфилд Роуд“. Клубот подготвил листа на зборови кои обично се користат за навреди и кои не ги прифаќа и за време и по натпреварите.
Организацијата „World FC“ која со помош на најважната споредна работа во светот се обидува да го обедини светот, се подготвува за хуман чин во кој ќе ги вклучи децата кои најмногу го сакаат фудбалот, а немаат можност да бидат дел од него.
Навивачите на американскиот фудбалски клуб Сан Хозе ќе почекаат уште малку за да му се израдуваат на новиот стадион затоа што работниците кои го градат новиот најдоа неискористена муниција од Втората Светска војна.
Чуварот на мрежата на шведскиот второлигашкиот клуб Ергрите, Питер Абрахамсон “се надмина“ себеси. Само он си знае зошто ја боксуваше топката надвор од шеснаеетникот и тоа во 45 секудна од натпреварот. На крајот неговиот клуб загуби со 3:0.
Несреќниот Жамал Тјаре на најлош можен начин ја заврши акцијата кога требаше да погоди празен гол. Неговиот тим Шарлероа губеше со 1:0 од Клуб Бриж, а младиот Сенегалец наместо да го израмни резултатот неговиот тим потоа прими уште еден гол, а колегите му фатија сеир.
Напаѓачот на „Кралевите" Гонзало Игуаин беше на чекор до Арсенал, но Наполи излезе како победник во трката, ПСЖ ги победи конкурентите за услугите на Кавани, а Реал Мадрид ја изгуби битката за Нејмар. Еве дел од преселбите на супер ѕвездите кои требаше да се случат во минатото.
Екипата на Наполи славеше на пријателскиот меч против Галатасарај со 3:1, а по само 4 минути игра резултатот го отвори нашиот капитен со глава на асистенција на Инсиње. Деби голот на Горан Пандев во летните подготвителни натпревари го постигна пред само четири дена.
Ќе ве потсетиме на ова симпатично момиче кое не можеше да се соземе кога го виде Стивен Џерард во живо, а на тоа му претходеше и спектакуларен пречек на Ливерпул кој го приредија навивачи од Индонезија. Тоа е само мал дел од популарноста на англиските клубови во далечниот исток.
Во текот на изминатата сезона во Премиер лигата „financialfairplay" направи табела на која се споредуваат платите на англиските клубови и она што го добиваат во поени на табелата. Анализата и по крајот на првенството повторно покажува дека големите влогови не се секогаш показател за успех.
Фудбалерите на Васлуи при негатива од 1:0 на гостувањето против Динамо Букурешт во последните мигови од средбата требаше да бранат пенал без голман. Чуварот на мрежата доби црвен картон, а трите дозволени измени веќе ги искористија.
Италијанскиот напаѓач кој пет години настапуваше за Виљареал, малку го подзаборавивме откако во минатиот зимски трансфер период повреден ја засили Фиорентина. Во пресрет на новата сезона во Серија А, „Виолетовите“ го имаат Марио Гомез, но и 26 годишниот Роси кој вака се подготвува летово.
Горан Пандев го постигна првиот гол во новата сезона. Македонскиот интернационалец беше стрелец на првиот гол за Наполи во победата од 3:0 над новиот второлигаш Капри.
Татко му е од Филипините, мајка му од Јамајка, тој е роден во Канада, настапува за холандската репрезентација, игра во англиската Премиер лига, но како позајмен играч за велшкиот клуб Свонси, а има договор со шпански Виљареал.