Клубот се сака и кога е на дното

Екипата на Болоња имаше очаен старт на сезоната и по осум одиграни натпревари беше закована на дното на табелата во Серија А. Но нивните навивачи покажаа што е верност и како треба да се бодри својот клуб, па илјада од нив ги поздравија на тренингот на ден пред неделниот натпревар со Ливорно.

Верните навивачи ги мотивираа фудбалерите на Болоња кои го победија Ливорно со 1:0 за прв триумф оваа сезона и избегнување на дното.

29 октомври 2013 - 11:30