За италијанскиот фудбалски шампионат познавачите често знаат да кажат дека тоа е лига со малку голови, затоа што постојано се мисли на одбраната, но италијанските клубови за сега го демантираат тоа и може да се пофалат со одлична реализација.
По 9 поминати кола во Серија А се постигнати вкупно 266 голови, а тоа претставува рекорд за лигата откако во сезоната 2004/2005 повторно се игра со 20 клубови. Минатата сезона во истиот период биле постигнати 219 гола, а сега има 47 повеќе или во проценти 21,4.
Претходната најголема реализација во 2004/2005 по 9 одигрнаи кола изнесувала 244 гола, а на крајот од сезоната биле избројани вкупно 992 гола. Апсолутниот досегашен рекорд во Серија А датира од сезоната 1949/1950 година кога на крајот биле регистрирани 1265 голови.
Најзаслужни за досегашната ефикасност во италијанското првенство се Рома и Интер кои имаат постигнато по 23 голови, а по нив следуваат Наполи со 20, Фиорентина со 19, па потоа Верона и Јувентус со по 18 голови. Најдобар стрелец е Џусепе Роси со 8 постигнати голови.
За сега се забележани само пет натпревари со резултат 0:0, а за разлика од минатата сезона кога по 9 минати кола имало 17 минимални победи, сега има само пет победи со резултат 1:0.
Италијанците за сега имаат поголема ефикасност од англиското и француското првенство, а помала од Примера дивизион. Доколку продолжат во ист стил со 3 голови во просек по натпревар, сигурно дека ќе ја надминат илјадарката оваа сезона.
Ако овие податоци ви се корисни за нашата понуда во Типстер, искористете ги уште вечерва кога се игра првиот меч од 10 коло во Серија А.