Легендарниот ќелавко стана шампион во автомобилизам

Некои фудбалери не се задоволуваат со пензија на 35 години како на пример францускиот голман Фабијан Бартез. Во 1998 година со селекцијата на Франција стана светски шампион во фудбал, а денеска сите медиуми пишуваат за неговата титула во ГТ моторспорт.

Вообичаено сме навикнати да пишуваме за тренерските кариери на познатите поранешни фудбалери кои по играчката се одлучуваат да се впуштат во тренерска авантура. Но поранешниот голман на Манчестер Јунајтед откако ги соблече ракавиците се фати за воланот.

Тој на последната трка во францускиот шампион во автомобилизам заврши на петтата позиција и со вкупно 174 поени е нов шампион во својата земја и тоа со 21 бод повеќе од деветкратниот првак Себастијан Лоеб.

42 годишниот Бартез се пензионираше од фудбалот во 2007 година, а "втората" спортска кариера во автомобилизмот ја започна една година подоцна.

„Отсекогаш ме привлекувал овој спорт, па дури и додека играв фудбал. Сакав да почувствувам како изгледа да се натпреварувам од автомобил. Ова не е како во фудбалот, тука можеш да бидеш добар и на 35 години и да продолжил со кариерата, а јас токму на таа возраст го напуштив фудбалот."вели Бартез.

Во својата фудбалска кариера францускиот голман со Олимпик Марсеј ја има освоено Лигата на шампионите, има по две шампиониски титули со Монако и Манчестер Јунајтед, а со селекција на Франција покрај светскиот по две години го освои и европскиот пехар.

29 октомври 2013 - 17:58