Ноќта помеѓу понеделникот и вторникот, 35-годишниот Жоао Родриго бил киднапиран пред неговиот ресторан во Рио де Женеиро кој го водел по пензионирањето од фудбалот.
Неколку часа подоцна неговата сопруга била разбудена од бучава пред нивната куќа, а кога ја отворила вратата пред неа ја нашла отсечената глава на Родриго од која биле откорнати очите и јазикот.
Се претпоставува дека ужасното убиство го извршила нарко банда, а причината е тоа што сопругата на фудбалерот работи во полицијата која во последниот период работи на чистењето на предградијата на Рио од нарко бандите.
Жоао Родриго во својата кариера настапувал за Бангу, Олимпија и Насионал, а играл и за шведскиот клуб Остер.