Италијанските клубови пазареа атрактивни имиња изминатото лето, најмногу во делот на нападот каде ангажираа врвни фудбалери од Реал Мадрид, Баерн Минхен, Манчестер Сити, а нивната вредност ја споредија со луксузни предмети.
Канибалот сезонава постојано ги полни мрежите во Премиер лигата па на вчерашното дерби против Челси влезе сит со 19 гола. Раката на Бранислав Ивановиќ овој пат беше здрава.
Football Manager е игрицата со која најверојатно се има заразено секој фудбалски фан кој имал допир со компјутер. Еден од оние луѓе на кои FM им го „украде" животот состави список на симптоми за зависност од оваа игрица.
Последниот избор за оваа година со најдобрите десет голови од изминатите седум денови, а помеѓу нив и мајсториите на Ериксен, Туре, Баркли, Паласио, Руни...
Иако има 37 години, Франческо Тоти и натаму е главната алка во играта на „Римската волчица" која и покрај тоа што не е лидер во Серија А ја игра својата историска сезона без ниту еден пораз. Без неговото присуство тимот бележи послаби резултати.
Знаеме дека стадионите ни се празни, но колку за утеха, имало и бетер од нас ако посетеноста на фудбалските натпревари се спореди со вкупното население.
Љубителите на фудбалот (или на кладилниците) сигурно се чудат како еден анонимен клуб како Касимпаша се најде на втората позиција во Турција. Тајната е во тоа што Касимпаша е омилен тим на премиерот Реџеп Таип Ердоган.
Новогодишните празници се одлична можност за родителите да ги израдуваат, но и да ги истролаат своите деца. Катарина навива за Бенфика и од Дедо Мраз нарачала дрес од својот омилен тим, но нејзините родители решија малку да ја зезаат.
Наполитанците важат за многу темпераментни навивачи, но и опасни. Пред два дена пишувавме дека ги ограбуваат играчите, а за празнициве ги користат нивните имиња за поуспешна продажба на пиротехника.
Сигурно прочитавте или можеби го гледавте пресвртот на Манчестер Јунајтед на гостувањето против Хал, но голот на Вејн Руни не е потегот на мечот. Има нешто друго.
Немаат канцеларии, а ниту спонзор на дресовите. Раководните луѓе се студенти, претседателот им е пожарникар, фудбалерите играат од ќејф, а имаат и верна навивачка група која раководи и ја бодри страствено екипата на секој меч.
Голем дел од најдобрите голгетери доаѓаат или играат во Јужна Америка, но и тие знаат да се посрамотат. Ова се десетте најголеми јужноамерикански утки за изминатава година.
Додека нивните колеги од останатите земји се уште не се отрезнети од божиќните прослави, фудбалерите од Велика Британија ќе си ги честитаат празниците на фудбалските терени и ќе одиграат 30 натпревари за само една недела.
Традицијата од последните години вели дека оној тим кој е на првата позиција во Премиер лигата на Божиќ, таму и ќе остане на крајот од сезоната. Ова не важи за Ливерпул.
Во денот кога нема ќорав фудбалски меч затоа што многу играчи денеска се на софра поради Божиќ, фина вест пристигна од Египет, каде пред скоро две години се случи една од најголемите трагедии во историјата на фудбалот.
Не се работи за рекапитулација на Премиер лигата за 2013 година, туку за различни ситуации, изјави и одлуки кои ги издвои Еуроспорт за изминатава година.
Разликата помеѓу ЛШ и ЛЕ е огромна пред се во квалитетот, гледаноста, престижот и премиите. Но со недоволниот интерес за второто по ранг европско натпреварување клубовите губат поени кои одат на контото кај оние за кои претставува поголем предизвик.
Фудбалската топка има огромна моќ. Најневеројатниот пример за тоа е чудесниот фудбалски натпревар на Божиќ во 1914-та година кој ги натера британските и германските војници да излезат од своите ровови.