Фудбал

Репризна осминафинална битка на „Емирати“

Квалитетната сезона дојде време „Топџиите" да ја докажат на најголемиот испит, а тоа е европскиот првак кој лани си замина со триумф од Лондон. Тешко ќе му биде и на Милан кој од слабата сезона во Серија А ќе се обиде да се рехабилитира против тимот кој растура во Примера.

Ривалдо играше заедно со Ривалдињо

Бразилецот Ривалдо испишуваше нови страници во фудбалската историја додека активно настапуваше, а 41-годишната легенда влезе и во историјата на бразилскиот фудбал откако настапи на натпревар заедно со неговиот син.

Меси го разби проклетството, ПСЖ го растури Баер

Лионел Меси го постигна првиот свој гол во Лигата на шампиони на англиско тло и ја предводеше Барселона до голема победа на гостувањето кај Манчестер Сити. ПСЖ полесно од очекувањето го растури Баер Леверкузен.

Проектилот на Ибра

ПСЖ уште на полувреме има водство на гостувањето кај Баер Леверкузен со 0:3, а Златан Ибрахимовиќ постигна два погодоци од кои вториот со вистински топовски удар за кинење на мрежи.

Дал да збеснам ил да лежам

Бубакар Бери од белгискиот голман Локерен беше најзбунетиот голман овој викенд. По сударот со фудбалерот на Гент, тој не беше сигурен дали треба да биде бесен или повреден.

Некој вечер ќе слави роденден

На една божиќна забава во друштво на претседателите на Милан, Лацио, Парма...ептен по играњето да ти бил газдата на Џенова, Енрико Прециози. Меѓу нив тензија држи и рокерот на гитара, Масимо Челино, но ние овие снимки ги објавуваме во чест на Прециози кој денеска полни 66 години.

Разликата помеѓу Сити и Барселона

Нема подобар старт од вечерашниот во осминафиналните пресметки од Лигата на шампионите со кои малку ќе ги разбиеме снежните лудории во Сочи. Судир на два големи гиганти. Споредба во трофеи: 87:15.

Го знаете ли вие тарзан?

Чилеанскиот тим Спорт Уанкаио неодамна го назначи за нов тренер аргентинскиот стратег Даниел Кордоба. Сериозен човек во години, кој пред камерите е спастрен, а на тренинзите строго црвена гаќа.

Тренерски мајмунлук

Се запишуваш на фудбал, даваш пари, едвај чекаш да дојде делот кога ќе се игра фудбал и потоа тренерот мртов ладен те дупчи пред сите. Штета што нема продолжение од клипов за да видиме што се случило откако малиов се дрза да му отиде на фејс ту фејс.

Мега пресметка на стадионот „Итихад“

Фудбалскиот празник во елиминационата фаза од Лигата на шампионите може да започне. Фудбалерите на Манчестер Сити за противник во деби осминафиналниот меч ја добија Барселона, додека Баер Леверкузен ќе се соочи со силниот ПСЖ.

Приказните зад прекарите на Бразилците

Бразилските фудбалери се прочуени по нивните вештини, но и познати по прекарите по кои ги знаат љубителите на фудбалот наместо нивните долги имиња.

„Сантијано Бернабеу“ пред 40 години

Победата во едно дерби е најслатка, а уште повеќе кога е изразена со повеќе голови. На денешен ден пред точно четири децении висок и болен пораз му се случи на „Кралскиот тим“ во „Ел Класико“ и тоа пред своите навивачи.

Ова се вика тимска игра

Играчите на Бока Јуниорс на натпреварот против Белграно покажаа како изгледа една компјутерски точно изведена акција според фудбалски учебник. Стрелец на голот беше дефанзивецот Хуан Форлин.

Клубот од емигранти почна да испишува своја историја

Фудбалот не го обединува светот на едно место само за време на светските првенства. Тој може да спои луѓе кои со слични судбини се нашле на едно место од каде потоа заедно се обидуваат да го заборават минатото и да станат важен дел од фудбалската мапа.

Велемајсторија во 93 минута

Марио Балотели не е единствениот јунак ова коло. Во последните секунди на натпреварот помеѓу Круз Азул и Пуебла во Мексико, Марко Фабијан му донесе победа на домашниот тим со можеби најатрактивниот гол на колото на кој му претходеше извондреден прием на топката.

Инвазија на кучиња

На натпреварите во Јужна Америка викендов имаше натрапници на теренот. Едното се појави во Бразил, а другото во Аргентина.

Голови на неделата

И оваа недела уредниците на TVGOLO имаа тешка задача при избирањето на десетте најдобри голови, а помеѓу нив се најдоа мајсториите на Меси и Азар.

Голчиштето на Балотели

Фудбалерите на Милан долго се мачеа да ја совладаат одбраната на Болоња и беа на прагот на уште еден неуспех, но Марио Балотели реши да ја преземе работата во свои раце.

Десет-годишната доминација на Барселона

За тики-така играта на Каталонците злобниците знаат да кажат дека била досадна за око. Но таа игра им донесе историски подвизи за кои некои големи клубови може само да сонуваат. Овој интересен податок уште еднаш покажува дека Барселона е махер за финалиња.

Навивачите на Манчестер Сити најмалку романтични

Дури 34% од фудбалските навивачи во Англија повеќе би сакале да добијат честитка од својот омилен клуб отколку од девојката за Валентајн.

Минала сите го направија чичко

Жозеф Мари Минала никако да докаже дека има 17 години. Младинскиот фудбалер од редовите на Лацио и покрај тоа што ги демантираше пишувањата дека наводно не личел на годините, веќе неколку дена е предмет на тролање за неговата возраст. Некои му најдоа и брат кој го купил Лотито на 15 години.

Јувентус нема конкуренција во Серија А

Според Фабио Капело, слабиот квалитет на италијанскиот фудбал и Серија А се главните виновници за лошите резултати на Јувентус во Лигата на шампиони.

Мојс ги избрка посетителите од Олд Трафорд

Заминувањето на Алекс Фергусон и пристигнувањето на неговиот наследник Дејвид Мојс, не само што имаше големо влијание на резултатите на Манчестер Јунајтед, туку и на интересот на луѓето да го видат стадионот Олд Трафорд.

Славниот шкотски тим никако да излезе од калта

Фудбалерите на Глазгов Ренџерс се надмоќни и немилосрдни во друштво на третолигаши и по 23 кола немаат ниту еден пораз, но она што загрижува во клубот се финансиските сметки со кои раководството на клубот се уште не може да излезе на крај.