Кога ќе се спомене името на Томас Шаф, првата асоцијација е Вердер Бремен и обратно. Но тоа во иднина нема повеќе да биде така. Човекот синоним за верност реши да го смени клубот по 42 години.
Приказната на Томас Шаф и Вердер Бремен започнува уште во 1972-та година кога тој пристигнал во младинската академија и од тогаш не го напуштил овој клуб.
Шест години подоцна го потпишал првиот професионален договор и го носеше дресот на Вердер се до 1995-та година. Како играч на два пати ја освои шампионската титула во Бундеслигата и европскиот КПК во 1992-та година.
Тренерската кариера ја започна уште во 1987-та година додека сè уште активно играл фудбал. Ги предводел младинските екипи на Вердер, а по пензионирањето стана тренер на резервниот тим.
Во 1999-та година го наследи Феликс Магат и не само што го извади клубот од дното, туку во 2004-та година го предводеше Вердер до двојната круна во Германија.
По завршувањето на минатата сезона кога Вердер Бремен заврши на разочарувачката 14-та позиција, тој конечно го напушти клубот.
42 години откако му се приклучи на Вердер Бремен, 53-годишниот Томас Шаф реши да го смени клубот и ја прифати понудата да го предводи Ајнтрахт Франкфурт.