Во досегашната историја на Светските првенства, вкупно 22 натпревари беа одлучени со удари од 11 метри.
Првиот ваков натпревар се одигра на Светското првенство во 1982-та година кога Западна Германија по изведувањето на пенали ја елиминираше Франција во полуфиналето, а последниот беше во 2010-та година кога Уругвај беше подобар од Гана во четврт-финалето.
Германија, Франција, Аргентина и Италија учествувале во по четири натпревари кои биле одлучени по пенали, а Германците се мајстори за удари од белата точка затоа што тие се единствената репрезентација која секогаш победува по изведување на пенали.
До сега две финалиња биле решени со изведување на удари од белата точка и на двете финалиња настапила Италија. Во 1994-та година Бразил победи со 3:2 благодарение на на три промашени пенали на Италија
А 12 години подоцна на Светското првенство во Германија во 2006-та година, Италија ги реализираше сите пенали и ја победи Франција со 5:4