Кога срцето е поважно од нозете

Запознајте го Алехандре Толедо, поранешен бразилски фудбалер кој во 1996-та година ја загубил едната нога во сообраќајна несреќа, но тоа не го спречило да игра фудбал.

36-годишниот Алехандре Толедо секоја сабота игра фудбал на терените во Сао Паоло. Тој е единствен од 22-та играчи на теренот кој има само една нога.

Во минатото тој бил професионален фудбалер и настапувал за повеќе екипи од својот регион, но во 1996-та година настрадал со својот мотор по што докторите морале да му ја ампутираат ногата.

Но тој не се откажал. Најпрвин почнал да брани со пријателите на натпревари на плажа каде не можел да се повреди паѓајќи на песок. Од тогаш не престанал и веќе 17 години брани за својата екипа во аматерските лиги на Сао Паоло.

„Пречките се психички, а не физички", вели Алехандре.

21 мај 2014 - 15:32