46 годишниот Јарбас Менегини работи како механичар во Рио де Жанеиро, а неговата најголема пасија му е изработка на златниот пехар од Мундијалите.
Се инспирирал од Светското првенство во САД 1994 година, кога капитенот Дунга го подигна пехарот, откако Бразил славеше во финалето против Италија на пенали.
Таа идеја од хоби, му се разви во бизнис. Малата верзија на пехарот ја продава за 7 фунти, а оригиналната двојно повеќе.
Јарбас во стилот на капитените го бакнува својот најдраг златен пехар на кој има потпис од Нејмар.