Фудбал

Дресови масажери на телото

Италијанската мода од секогаш била важна па дури и кога треба да се шијат дресовите за фудбалерите на италијанската репрезентација. За следниот Мундијал тие ќе добијат нешто специјално кое ќе ги опушта додека трчаат.

Пеналџија на денот

Во финалниот меч од Лига купот во Тајланд, фудбалерите на Утарадит загубија во пенал серијата со 4:3 од Сингтаруа, а најтешко ќе му биде на овој несреќник за кој нема утеха после ваков шут.

Шпанските клубови против премиерлигашите

Поучени од лошото искуство од минатото, шпанската Примера ќе ги спречува младите играчи да ја напуштат земјата со спуштање на старосната граница за потпишување на договори.

Гол со салто

Уште ваков гол ни фалеше на сајт. Со боси нозе, без копачки, успеа да го погоди аголот од голот, а истовремено да ни покаже и малку гимнастика.

Бијабијани игра најчист фудбал во Серија А

Во жарот на големата 90 минутна борба во фудбалот тешко е истовремено да мислите и на целосно чиста игра без сторен прекршок. Некои се служат само со ситни фаули поради кои не влегуваат во бележникот на судијата, но тие се многу ретки.

Некој бил многу пијан

Што се случува кога човекот кој е задолжен за одржување на фудбалскиот терен ќе дојде пијан на работа? Романците најдобро знаат.

Па што ако си Роналдо

На неделното градско дерби, едно од децата кое собира топки, најверојатно навивач на Атлетико, во 71 минута реши да си поигрува со ѕвездата позната по своето его.

Италијанските гиганти црпат најмногу пари од Најк и Адидас

Најголемите два спортски брендови ќе се рекламираат и во следните десет години на опремата на најголемите екипи од Серија А. Актуелниот италијански шампион од Најк ќе прави трансфер во Адидас, а Рома за прв во својата историја ќе се облекува во Најк.

10 кола казна за анти-еврејски гест

Ањелка и добро пројде со казната, има среќа што не игра фустал.

Чувствителниот тренер ги почести навивачите пиво

И да навивате за четвртолигаш кој е на дното на табелата кој може да испадне еден ранг подолу, во Англија има мала утеха, а за тоа се погрижува тренерот.

Лига на нации наместо пријателски натпревари

На конгресот на УЕФА кој овој месец ќе се одржи во Казахстан, најверојатно ќе се разговара за укинување на меѓународните пријателски натпревари и за оформување на „Лига на нации" во која ќе играат 54 репрезентации поделени во лиги.

Ѓуровски: Ќе барам играчи со карактер

Македонската фудбалска репрезентација утревечер на „Филип Втори“ ќе го нагости првиот противник во новата година, а тоа е селекцијата на Летонија која е 111 на ранг листата на ФИФА. Новиот предводник на нашата селекција со нови сопствени принципи ќе се обиде да го подобри квалитетот во нашиот тим.

Газдата на Кардиф недозволено ветувал бонуси

Повторно нашиот офсајд лик на годината се најде во медиумите заради лоши вести. Премиер лигата ќе започне истрага против Винсент Тан заради сомневањето дека на неговите фудбалери им нудел бонуси.

100 дена до Мундијалот во Бразил

Броиме ситно. Уште точно 100 денови до најважното фудбалско натпреварување во светот. На 12 јуни треба да започне Светското првенство во фудбал во Бразил, а домаќините абер си немаат.

Ал Ахли е најтрофејниот клуб во светот

Првата позиција на најмногу освоени интернационални титули долго време ја одржуваа екипите на Милан и Бока Јуниорс, но со последниот трофеј на Египќаните тие избиваат на првата позиција пред големиот европски и јужноамерикански гигант.

Решавачки голмански гол

Изминатово коло дефинитивно не помина во знакот на голманите кои заредија многу киксеви. Но имаме и еден јунак од Колумбија кој при резултат 1:1 го реши натпреварот со фантастичен погодок од слободен удар.

Првата забулена судијка

Само што напишавме денеска за официјалната одлука на ФИФА која одобри носење шамии на фудбалски натпревари, еве ја и првата муслиманка која како делител на правдата дебитираше со дел од нејзините традиционални носии.

Платини против глупавото фудбалско правило

И првиот човек на УЕФА, Мишел Платини смета дека тројната казна при прекршок во шеснаесетникот е глупаво фудбалско правило, но тоа никако да се промени.

Мајсторијата на Меси од повеќе агли

Кога Меси се мести да шутира слободен удар, на „Камп Ноу“ веднаш се палат камерите на телефоните. Еве како изгледаше тоа вчера на мечот против Алмерија кој го добија Каталонците со 4:1.

За мафијашки газда, мафијашки пречек

Новиот газда на Лидс тешко дека ќе ги освои симпатиите на навивачите. Тој е само еден месец мнозински сопственик на англискиот второлигаш и уште на стартот доби непријатен пречек кој асоцира на неговото неславно минато.

ФИФА дозволи шамии и турбани

По скоро две години пробен период, Светската фудбалска федерација и официјално одобри носење на марами и турбани на фудбалски натпревари.

Викенд на голмански киксеви

Во последно време зачестија голманските гафови. Минатата недела двајца прогласивме за офсајд ликови, а викендов уште неколку од нив посебно се истакнаа, па слободно можеме на сајтов да отвориме и посебна категорија за голмани.

Гол првенец за Ибраими во Серија А

Македонскиот репрезентативец Агим Ибраими ја начна мрежата во елитното италијанско фудбалско првенство. Тимот на Каљари славеше со 3:0 против Удинезе, а нашиот интернационалец асистираше при вториот и одлично се снајде во контра нападот по кој го матираше противникот.поставувајќи го конечниот резултат.