Фудбал

Шутираше или нафрлуваше?

Еден од најчудните голови видени во последно време ни доаѓа од Чемпионшип лигата од мечот помеѓу Чарлтон и Барнсли. Гостите победија со 2:1, а овој играч како и самиот да не е сигурен дали сакаше на некого да му асистира на глава или да го шокира голманот.

Сите на светско, Тевез во Дизниленд

За еден од најдобрите аргентински напаѓачи нема место летово во репрезентацијата, но затоа тој не планира да го гледа Мундијалот ниту на тв.

Од граѓанска војна до солзите на Меси - сите Ел Класико финалиња

Реал Мадрид - Барселона 3:3. Купот на Кралот во 112-та годишната историја приреди шест Ел Класико финалиња и до сега резултатот е израмнет во пресрет на вечерашната битка.

За дразнење пред Ел Класико

По мераклиските 90 минути во Примера на кои паднаа 7 голови, шпанската мега мресметка вечерва ја имаме и во финалето од Копа Дел Реј. Ви нудиме видео со топ 10 голови на Реал против Барса во изведа на славната кралска банда Ди Стефано, Зидан, Раул, Роналдо...а за кеифот на навивачите на Каталонскиот тим го имаме апсолутниот рекордер на „Ел Класико“ со 21 гол.

Кантона: Топката е како жена, прво сака галење па тепање

Славната и контроверзна 7-ка на Манчестер Јунајтед која остана препознатлива по карате ударот врз навивач на Кристал Палас, од фановите на „Црвените Ѓаволи“ го доби прекарот King Eric. Но тој е Крал и за провокативни изјави и бисери кои ги собравме во едно.

Кога ќе ти се погоди прашањето на Милионер

И кај Трендо на нашиот „Кој сака да биде милионер" имаше ведри ликови, но никој како португалскиот фудбалски фанатик на кој му се падна да го прашаат кој клуб од Премиер лигата е од Лондон.

Офсајд тим на денот: Папа Францис

Аргентинците сакаа да промовираат кампања против насилството во фудбалот преку новоформираниот клуб кој го носи името на Папата Францис, но уште на првиот натпревар тие добија два црвени картони.

Името на Руни е заштитено за Велигден

Страствена навивачка на Манчестер Јунајтед од што е збрлавена по својот омилен клуб, крстила се живо по дома по нејзините најомилени играчи, но кога се обидела да го изненади најмалиот син и ја кажале најглупавата забрана.

Скокни колку Роналдо да те видам

Не можеш. Тој вежба со саати и има помалку телесни масти од супермоделите. Со неговиот висок скок се одразува 2.88 метри од земја, а обрачот на кошот е висок 3.05, што значи ја куца без проблем. На таа висина тешко е човек да ја цивне топката, а не па да му ја збрца на Манчестер.

Џерард и најмладата жртва на Хилсборо

15 април 1989 година Британците го сметаат за еден од најцрните датуми во нивната спортска историја. Полуфиналниот натпревар од ФА Купот помеѓу Ливерпул и Нотингем Форест тој ден падна во сенка поради големата трагедија со која капитенот е емотивно поврзан.

По 18 години си ја пронајде љубовта

Внимавајте каде го сушите вашиот омилен дрес. Навивач на Шефилд Венздеј си го пружил со останатиот веш, но некој му го стопил. По 18 години се случува чудо и си го наоѓа во езеро, со што навивачот си го добива назад најдолгоисчезнатиот спортски реквизит.

Шпанците најскапи во Бразил

Актуелниот светски шампион во походот кон нова титула на Светското првенство во Бразил ќе замине со најскапа репрезентација. Највреден играч на првенството ќе биде Лионел Меси.

Пирло: ноќта кога Гвардиола сакаше да потпишам за Барса

Во извадок од неговата нова автобиографија, Андреа Пирло откри како „ќе ползел на сите четири" за да премине во Барселона откако Пеп Гвардиола се обидел да го ангажира, но трансферот бил спречен од Милан.

Малиот кој израдува деца со вистинска топка

На голем одмор во школо сите имаме играно фудбал со лименки, но во некои земји тоа е секојдневие и денеска. Дете од Америка тоа го гледа со свои очи и одлучува да преземе нешто. Резултатот до сега е донација од 4.000 топки во 22 земји.

Местенка 4+ за ќар од 38.000 долари

Да се погоди натпревар во кладилница на кој ќе паднат минимум 4 голови, не е секогаш лесно. Но ако познавате некој Виетнамец, добро упатен во фудбалот или најдобро репрезентативец, ќе имате сигурна добивка.

Двојна причина за црвен

Најголемиот неранимајко викендов на фудбалските терени ни доаѓа од американскиот фудбал МЛС. Во дуелот влезе дрско и насилнички, а потоа глумеше жртва.

Зошто тренерот на Атлетико носеше Гугл глас?

Фотографијата од помошникот на Диего Симеоне на клупата на Атлетико Мадрид, Моно Бургос со Гугл глас на натпреварот против Хетафе бргу се рашири на интернет и ги отвори прашањата: што ли тој гледаше со нив, но и дали технологијата е премногу навлезена во фудбалот?

Проклетството на помошниците на Фергусон

Во текот на својата долга и трофејна кариера, Алекс Фергусон имаше голем број помошници, но ниту еден од нив не успеа да излезе од сенката на својот шеф и да направи успешна кариера како главен тренер.

Ибраими го спаси Каљари од пораз

По деби голот против Удинезе, македонскиот репрезентативец Агим Ибраими го постигна и вториот гол во Серија А. Фудбалерите на Сасуоло имаа предност по првиот дел од 1:0, а на стартот од второто полувреме конечните 1:1 ги постави Ибраими со удар од белата точка.

Новиот газда на Лидс шпиониран во веце

На контроверзниот рокер со криминално досие во Италија, многу лошо му тргна на островот. Откако едвај успеа да го купи познатиот англиски второлигаш и поранешен премиерлигаш, некој се обидува да го следи и кога оди на мочање.

Голови на неделата

И оваа неделата уредниците на TVGOLO имале тешка задача да ги изберат најдобрите десет голчишта од изминатите седум денови. Гледајте и уживајте.

Навивачите ќе платат за Мурињо

Специјалниот до толку го сметаат во Лондон за посебен, што сметаат дека не треба да плаќа ниту парични казна.