Во големата акција за приведување на хулигани по италијанските трибини, лани беше уапсен и Фабрицио Пишители познат како Дијаболик. Во соработка со Министерството за правда, италијанската полицијата му одзеде имот.
Дијаболик беше обвинет за трговија на дрога која ја донел од Шпанија во вредност од 5 милиони евра, а тој е познат и како лидер на групата која незаконски се збогатила од продажба на навивачки реквизити со печат на навивачката група на Лацио, Иридучибили.
Дијаболик поседувал скапи автомобили, вила на море и неколку комерцијални простории каде се продаваат брендирани реквизити на Лацио и Иридучибили.
Во минатогодишната акција, заедно со Дијаболик, уапсени беа и Фабрицио Тофоло, Јури Алвити и Паоло Арчивиери, познати ултраси од трибината „Курва Норд" на стадионот Олимпико. За сите четворица, Обвинителството во Рим побара по 8 - годишна затворска казна.