Фудбал

Пирло го разбил кодот на Жунињо на ВЦ-шолја

Во неодамна објавената автобиографија, Андреа Пирло ја откри својата најголема тајна - како за време на еден престој во ВЦ, во момент на максимална концентрација се роди неговото чедо: La Maledetta.

Трката за титула во Англија

По 25 промени на лидерската позиција, англиската Премиер лига доби нов шампион кој оваа сезона на првото место на табелата беше само 14 денови. Како изгледаше трката за титулата во Премиер лигата во само еден гиф.

Најлудото од Австралија

Се почесто гледаме како големи фудбалски имиња како на пример Алесандро Дел Пјеро се селат во Австралија, но гледајќи го видеово не сме се уште сигурни дали тие тоа го прават заради квалитетот на првенството или дека лигата е интересна заради глупостите.

Највредниот тим кој не чини ниту евро

На самиот крај од првенствената сезона, клубовите веќе си ги знаат празнините кои ги имаат во своите состави и кои ќе треба да ги пополнат за идната сезона. Transfermarkt им нуди доста солиден тим со искусни играчи на кои летово им истекува договорот.

Голови на неделата

Ова се десетте најдобри голови од изминатите седум денови, а помеѓу нив се и мајсториите на Кристијано Роналдо, Јаја Туре и Серхио Рамос.

Доминацијата на Јувентус и неконкурентната Серија А

Кој е најзаслужен за 30 Скудето на Јувентус, дали серијата ќе продолжи и понатаму и зошто во Серија А нема кој да им парира на „Бјанконерите“ како што изјави Фабио Капело? 

Навивачите на Ливерпул живеат пократко

Нервозите за разочарувањата кои им ги приредуваат омилените клубови го земаат данокот кај навивачите.

Новески игра повеќе од Лампард и Пирло

Искусниот дефанзивец на Мајнц кој го извести селекторот Бошко Ѓуровски дека поради возраста дефинитивно се повлекува од репрезентацијата, оваа сезона е третиот најстандарден играч во Бундес лигата во конкуренција на ветерани.

Му легна од пола терен

Ниту еден голман до сега не очекувал ваков повратен одговор откако ќе дегажира некаде до средината на терен. Погодоков во Сингапур заслужува да биде број 1 на сезоната.

Меси, Роналдо и Нејмар на бостан

Атмосферата во Бразил пред почетокот на Светското првенство до толку е подгреана што еден готвач почна да ги резба ликовите на Лионел Меси, Кристијано Роналдо и Нејмар на лубеници.

Тевез е гаранција за титула

Ја откривме формулата за освојување на титула. Во тимот мора да има Шпанец и да игра Карлос Тевез. Аргентинецот освојува титула каде и да оди, но заостанува зад Матеја Кежман на листата на фудбалери со освоени титули во различни држави.

Еквадорец го повтори шутот на Роберто Карлос

Фернандо Гереро од екипата на Индепендиенте од Еквадор го изненади противничкиот голман совладувајќи го со удар од мртов агол во стилот на Роберто Карлос.

Тренерот кој сака да ги слика своите играчи

Со гостинскиот триумф против Рајо Ваљакано фудбалерите на Атлетик Билбао математички се на четвртата позиција, а тоа значи дека по дури 16 години ќе се борат за пласман во Лигата на шампионите. За тоа е заслужен еден познат шпански фотограф.

Египетскиот Роналдо

Најдобриот фудбалер во светот не е ниту прв ниту последен што дал гол со петица. Слична таква мајсторија сега гледаме во арапски стил.

Нејмар: Ќе ме стави ли на список?

Во домашна и опуштена атсмофера двете ѕвезди на Барселона заедно со другарчињата, во живо го следеа моментот кога селекторот Сколари ги читаше 23 среќници кои ќе го бранат националниот дрес на најголемиот светски спортски настан на свој терен. Алвеш искулирано го гледаше пресот, додека Нејмар имаше малку трема.

Реал и Барса највредни клубови на планетата

За прв пат откако магазинот Форбс го прави рангирањето на клубовите според нивната вредност, на врвот на листата се најдоа два шпански клубови.

Ѓуровски го објави списокот за двете контролки

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Бошко Ѓуровски направи поширок список на играчи од кои дел ќе отпаднат за двете пријателски средби против Катар и Камерун.

Македонија ја задржа 80-та позиција

На најновото рангирање на фудбалските репрезентации според ФИФА, македонскиот национален тим остана на истата позиција од минатиот месец.

„Отпишаните“ на Сколари би растурале во Бразил

Луис Фелипе Сколари го објави списокот на репрезентацијата на Бразил која ќе настапи на Светското првенство, а од фудбалерите кои не се на списокот може да се состави уште една репрезентација која ќе биде конкурентна на Мундијалот.

Офсајд лик на денот: Недас Чеплинскас

18-годишниот Недас Чеплинскас е најлошиот соиграч кој можете да го посакате во вашиот тим, а игра за еден од најлошите прволигаши во Европа. Нашиот офсајд лик ја започна својата кариера со три автогола.

Куп трофејот во рацете на Работнички

Лидерот на табелата во македонскиот фудбалски шампионат е новиот освојувач во Купот на Македонија. Романтичарите кои во поголемиот дел од натпреварот беа со играч повеќе славеа на арената „Филип Втори“ против Металург со 2:0.

Креативноста на навивачите на Борусија

Во просек одат по над 80.000 на натпревар и побројни се од навивачите на Баерн Минхен, Барселона, Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед. Човек и да не го боли уво за фудбал би посакал да ги види овие рекмек дела во живо.

12.000 евра казна за мајмунски работи

Навивачот кој го гаѓаше Дани Алвеш со банана доби доживотна забрана за присуство на стадионот „Ел мадригал“, а нема да биде поштеден ниту Виљареал.

Легендата која нема непријатели

Мораше и тој ден да дојде. По 22 години активно играње фудбал, херојот на Интер, Хавиер Занети на крајот од оваа сезона ќе ги закачи копачките на клинец. Морати не бираше зборови за да и се заблагодари на иконата која останува во клубот во друго својство.