Сан Лоренцо е новиот јужноамерикански првак

По првите 1:1 на гости против парагвајскиот противник Национал, фудбалерите на Сан Лоренцо со минимален триумф на реваншот од финалето, стигнаа до првиот пехар во Копа Либертадорес во нивното 106 годишно постоење.

По три години, трофејот во најеминентното клупско јужноамериканско натпреварување се сели во Аргентина или поточно во Буенос Аирес каде се слави првата титула во ова елитно натпреварување.

Шоуто пред стартот

Натпреварот кој траеше 95 минути мина без многу шанси и возбудувања, а иницијативата ја имаше фаворитот Сан Лоренцо која ја пропушти предноста од првиот дуел на неколку секунди до крајот и мораше пред своите навивачи да брка победа.

Постигнувањето на голот

Нестор Ортигоза со пенал во 36 минута го реши финалето и го израдува Папата Франческо кој веста за триумфот на својот омилен тим ја доби кога слета во Јужна Кореја.

Последниот свиреж на судијата

Аргентинските клубови се владетели со 23 трофеи во Копа Либертадорес, Бразил е втор со 17, потоа следи Уругвај со 8, Парагвај со 3, Колумбија има 2, а екипите од Чиле и Еквадор со по еден пехар.

Славјето

14 август 2014 - 10:45