Репрезентативците на Мексико и Северна Ирска У16 си влегоа со клоци и боксови без ич да не им чуе за последиците. Групната тепачка се случи во 57 минута, а мечот заврши 2:1 за Ирците кои добија еден, а Мексиканците три црвени картони.
Додека останатите фудбалски клубови прават дежа - ву промоции по стадионите, шкотскиот Еир Јунајтед дојде до оригинална идеја. Второлигашот се одлучи за боди - пеинтинг промоција на дресот за сезоната 2014/15. Тешко дека навивачите ќе оддолеат да не го купат новиот дрес.
На Островот летово се фрлаат пари како на популарната игра Менаџер. Најмногу за сега троши Ливерпул кој воопшто не ги штеди 88 - те милиони фунти од продажбата на Суарез, а Саутемтпон направи пари за пет идни генерации.
Иако немаат многу време да се вртат по дома, фудбалерите не престојуваат во просечни станови. Месут Озил кој минатата сезона го засили Арсенал избра луксузна куќа која му ја дизајнираше Харисон Варма. Прекрасното здание има многу прозорци за да се добие поголема топлина за време сончевите денови во Лондон кои се околу 60 годишно во просек.
По Пирес, Љунберг, Луис Гарсија и Капдевиља, сега и Давид Трезеге ќе му се придружи на елитното друштво во индиското фудбалско првенство. Револуционерните промени кои ги ветија Индијците почнаа да ги остваруваат, а целта на стартот е да донесат славни имиња и да ги наполнат стадионите.
Потпретседателот на Италијанската фудбалска федерација, Карло Тавекио ја даде најконтроверзната расистичка изјава овие денови на чизмата. Но уште полошо е што тој добива поддршка и има големи шанси да го победи Деметрио Албертини во трката за шеф на италијанскиот фудбал.
Претседателот на руската фудбалска унија (РФУ), Николај Толцик изјави дека е можно фудбалските клубови од Крим, полуостровот споен со Русија, да заиграат во руското фудбалско првенство.
Во новата сезона 2014/15 во Серија А, од вкупно 20 тренери, најмлад е Страмачони, најтрофеен Бенитез, најстар Земан, а дебитираат Пипо Инзаги со Милан и Маурицио Сари со Емполи. За сега се потврдени 15 стратези кои ќе стартуваат на 31 август.
Да се случеше некаде на Балканот или во Африка не би чудело, но во Англија ваков привид се случува еднаш во 100 години. На синоќешниот дуел меѓу Манчестер Јунајтед и Интер, луѓето задолжени за пренос на средбата од САД ја оплескаа работата, откако ставија погрешни слики од неколку фудбалери на „црвените ѓаволи“. Очигледно е дека грешката е во режијата кај Американците кои ги помешале фудбалерите.
Грабнувањето на родителите и блиските роднини на познатите фудбалери најчесто се случува во опасните аргентински и бразилски квартови, каде целта на киднаперите е да чепнат во нивните милионски сметки преку уцени за нивно ослободување.
Пепе и Кеита не ги заборавиле грубите дуели кои ги имаа за време на најголемата шпанска пресметка. На пријателската меѓу Реал и Рома во Далас, Кеита најпрвин одби да се ракува со Португалецот, а потоа по еден негов жесток старт, го гаѓаше со шише вода. Римјаните славеа 1-0 со голот на Тоти.
На Светското во Бразил отпатуваа 736 играчи од 32 земји, а од нив се повредија само 28 фудбалери. Тоа е нула во споредба со она што му се случува на Абу Диаби кој повеќе е повреден отколку што игра.
Тифозите на Лацио збеснаа по новото засилување од Феенорд кој доцна синоќа слета на аеродромот Фjумичино во Рим. Холандскиот стопер, Стефан Де Вриј е нов член на небесно - сините.
Само месец дена е паузата меѓу крајот на Светското и почетокот на топ 5 националните првенства кои ги чекаме со душа. Завесата први ја креваат Германците на средината од август, а ние ви ги издвојуваме дерби пресметките за кои треба да бидете укотвени пред Тв.
Во екот на пријателските подготвителни натпревари пред стартот на новата сезона во националните првенства, за овој викенд имаме двајца голгетери за одбележување. Едниот е Пјаниќ кој ја рогна од преку 50 метри на мечот меѓу Рома и Манчестер Јунајтед, а вториот не е голгетер, а требаше да биде.
Во екот на летниот трансфер период, најголемите европски екипи кои ќе ги гледаме во новата сезона од најквалитетното клупско европско натпреварување, ги засилуваат и освежуваат своите тимови. „Кралевите“ со помош на новите имиња силно ќе атакуваат на одбрана на трофејот.
Капитенот на камерунската репрезентација, Самуел Ето е обвинет од поранешната девојка за ширење нејзини голи фотографии по интернет. „Сака да ми изнуди пари, ова е смислено“ - се брани Камерунецот.
Кога една прес конференција на тема спорт има поголема посетеност од премиера во Народниот театар во Загреб, тогаш навистина станува збор за нешто посебно. Пресот го свикал Здравко Мамиќ.
Ландон Донован и Дејвид Бекам не се единствените фудбалери за кој сте чуле дека заиграле во земјата на кошарката и бејзболот. МЛС лигата секое лето добива по некоја нова фудбалска ѕвезда, а последните двајца пристигнаа од Челси и Атлетико Мадрид.
Поранешниот тренер на Интер, Јувентус, Рома и Монако е назначен за нов селектор на грчката фудбалска репрезентација кој стигна до осминафиналето на Мундијалот во Бразил.
Блекпул ја откажа турнејата во Шпанија поради недостиг на фудбалери, а навивачите протестираа против претседателот на клубот кој по завршувањето на минатата сезона се поздрави со 27 фудбалери. Првото тролање пристигна од Чарлтон.
Домингез, Дјамантикос и Бухалакис му го расипаа дебито на Пипо Инзаги на клупата на Милан кој загуби од Олимпијакос со 3:0. Покрај грчките фудбалери кои го изненадија поранешниот европски првак, привилегија имаа и двајца навивачи кои не ги чепна обезбедувањето додека прават селфи фотки со играчите на терен.
Челси за новата сезона купи две големи ѕвезди како Фабрегас и Диего Коста, но синоќа од срамен пораз против австрискиот клуб РЗ Пелетс ги спаси тинејџер. Се работи за Жереми Бога роден 1997 година кој почна да игра за тимот од Лондон уште од тимот У12.