Со вчерашниот гол на „Местаља“ Роналдо има 203 постигнати голови во шпанското првенство и заедно со 84-те кои ги постигна за Манчестер Јунајтед стигна до вкупна бројка од 287 погодоци во две првенства.
Тоа значи дека сега е шестиот најдобар стрелец во топ 5-те првенства каде влегуваат фудбалските шампионати од Шпанија, Англија, Германија, Италија и Франција.
Роналдо има четири голови повеќе од легендата на Њукасл, Алан Ширер кој во Премиер лигата запиша 283 голови, а се израмни со Гордон Хоџсон кој настапувал во Ливерпул, Астон Вила и Лидс од 1926-та до 1939 година.
Во оваа конкуренција на Меси му бега 30 голови, а му недостасуваат 12 за да се искачи на петтата позиција. За да му ја одземе лидерската позиција на Џими Гривс кој од 1957 до 1971 година постигнал 357 голови во Премиер лигата и 9 во Серија А, Роналдо треба да постигне 79 голови.