22 победи по ред беа незамисливи, а дека се ближи крајот на серијата на Реал Мадрид свесен беше и Карло Анчелоти. Кралевите вчера поведоа на Местаља, со голот на Кристијано Роналдо, но домаќините во вториот дел направија пресврт и стигнаа до три важни бода.
Сепак, штетата по Реал и не е толку голема, особено што и Барселона загуби, против Реал Сосиедад на гостински терен. Видеото реализирано од Фокс спортс јасно покажува колку тактички совршен меч одигра Валенсија. Бројчаната надмоќност и високиот пресинг врз тројцата играчи од средниот ред на Реал, кои тешко ја изнесуваа топката до напаѓачите, беше рецепт за успехот на Нуно Еспирито Санто.
По вчерашниот пораз, Реал Мадрид остана прв со 39. бодови, Барселона е втора со 38, колку што има и третиот Атлетико Мадрид. Валенсија е четврта со 34 бодови. Во следното коло, Реал го пречекува Еспањол, а Валенсија ќе гостува кај Селта Виго. Двата натпревари ќе се играат во сабота, на 10. јануари.
Којзнае дали другите тренери од Ла Лига внимателно го гледаа вчерашното дерби на Местаља: