1. Златан Ибрахимовиќ ќе потпише со адидас
До сега од Најк заработуваше по 2,4 милиони евра годишно, но во следниот договор му понудија 800.000 годишно, а тој веднаш одби.
2. УЕФА ќе одлучи да ги спои Лига на шампиони и Лига Европа во едно за да заштеди пари.
Големите екипи ќе се противат, а малите ќе бидат среќни и задоволни.
3. Скудетото оваа година ќе го освои Рома
А не Јувентус
4. Милан ќе се спаси од испаѓање
Исто и Интер
5. Многу тренери во Серија А ќе бидат отпуштени
Се тргна од Земан
6. Аталанта ќе го купи Балотели
Или можеби ќе го донесе на позајмица
7. Нојер ќе ја освои Златната топка
Буфон ќе падне во депресија и ќе се пензионира. Нојер исто така ќе падне во депресија бидејќи Буфон му беше еден од идолите во детството. ФИФА ќе се предомисли и ќе му го даде признанието на Роналдо кој ќе заврши втор. Меси ќе се шокира и ќе сече вени.
8. Јувентус ќе го отпушти Алегри
И ќе го донесе Земан
9. Ќе се појават судии-машини кои ќе летаат со дрон за да гледаат подобро и да нема повеќе судиски грешки
Сите досегашни судии ќе бидат отпуштени и ќе се случи војна помеѓу нив и судиите-терминатори. Првите ќе ги води Џон Конор кој ќе загине во 2032 година.
10. Во недостатот на ресурси, Серија А ќе се пресели на друга планета