Во биографијата за Осама Бин Ладен „Зад маската на теророт", авторот Адам Робинсон пишува дека за време на престојот во Лондон, омилена дестинација на најголемиот светски терорист во тоа време бил стадионот Хајбери.
Робинсон пишува уште и дека Бин Ладен си имал регуларно извадено сезонска карта, а клубот го следел во Купот на Куп победниците во '90-те години од минатиот век, кога живеел во Лондон. Бин Ладен така во живо го гледал Арсенал против Торино и ПСЖ на Хајбери во северен Лондон, а не е јасно дали присуствувал и на финалето од ова натпреварување во 1994. година, кога Арсенал го освои трофејот. Топџиите тогаш ја победија Парма, а година дена подоцна повторно стигнаа до финалето, но загубија од Сарагоса со гол во судиското продолжение.
„Ги видовме извештаите за неговите документи и јасно е дека тој веќе не е добредојден на Хајбери во иднина", објави Арсенал веднаш откако Бин Ладен беше прогласен за најголемиот светски терорист во 2001. година Осама покажувал интерес за фудбалот уште во младоста, додека живеел на Блискиот Исток, а по доаѓањето во Британија веднаш му купил дрес од Арсенал на неговиот постар син
По долги години потрага за него, Северната Алијанса го уби Бин Ладен на 2. мај 2011. година во местото Аботабад во Пакистан.