Фудбал

Почетоците на незаменливиот капитен

Со 114 настапи и 21 гол, Стивен Џерард пред два дена донесе одлука да ја заврши 14 годишната репрезентативна кариера. Кога тој бил стрелец, Англија никогаш не загубила, а така беше и на оние 2:2 против Македонија во Саутемптон во 2002 година. Тој е роден да ја носи капитенската лента уште од дете.

Пливачка трка меѓу фудбалери на Реал

Чави Алонсо е 10 години постар од Карвахал, но тоа не се приметува во овој спринт во кој искуството победи пред младоста.

Куадрадо играше фудбал во дувлото на дрогата

По завршувањето на Мундијалот, оние кои учествуваа имаа краток одмор и добија дозвола подоцна да им се приклучат на своите клубови во претсезонските подготовки. Ѕвездата на Колумбија најде време и за маалски фудбал со деца, во градот каде ја почна кариерата.

Рома ја збогати Куќата на славните

Италијанскиот прволигаш е активен на трансфер пазарот летово, но не заборава ниту на минатото. Во домот на римската волчица засекогаш ќе останат Анчелоти, Фелер, Алсидас Гиџа и Винсент Кандела.

Меси и Зидан ќе играат за Папата

На Олимпискиот стадион во Рим на 1 септември ќе се одигра хуманитарен натпревар на кој ќе учествуваат сегашни и поранешни фудбалски ѕвезди од целиот свет, соопшти Светата столица во Ватикан.

Роналдињо владетел во јужноамериканскиот фудбал

Фудбалерите на Атлетико Минеиро лани славеа во елитната Копа Либертадорес, а синоќа во возбудлив меч со два автоголови на екипата на Ланус во продолженијата, стигнаа до првиот трофеј во Рекопа Судамерикана, своевидниот Супер куп на Јужна Америка.

Ножички на 37 години

Прво да завршиме со сеирот и да кажеме дека човеков на овие години да беше во Италија сигурно ќе играше за Милан. Ама уште со време се има вратено во Перу, па може да дочека на 37 години да игра во прва лига и да нè почести со спектакуларен гол.

Офсајд лик: Адријано

Поранешниот бразилски репрезентативец не е воопшто добар пример за успешна и долга кариера. Од четирикратен освојувач на Скудетото со тимот на Интер, постои можност да заврши во италијанска аматерска лига.

Најгрдите дресови доаѓаат од Шпанија

Екипите на Хоја Лорка, Депортиво Луго и Културал Леоненса можеле слободно да си направат изложба на дресови на која би се оценувало кои се најлоши.

Некогаш разбиваше, сега него го разбиваат

Митот за бетонскиот столб го урна Маноел од Крузеиро. Ако порано противнците се одбиваа од Лусио како од карпа, сега тој доживеа ногдаун.

Водачот на Иридучибили остана без имот

Фабрицио Пишители, водачот на навивачите на Лацио е во затвор од 25 септември лани, а државата решила да му го одземе имотот во вредност од преку 2 милиони евра.

Ќе има ли Реал место за Хамес?

Со доаѓањето на колумбискиот напаѓач, во навалната линија од средниот ред на Реал Мадрид се создаде голема гужва. Доколку не се остварат трансферите на Кедира и Ди Марија, Анчелоти нема да знае кого попрво да стави во првиот тим.

Реал и Барселона се наддаваат

Кралскиот клуб прв почна неконтролирано да фрла пари за трансфери и во топ 10 листата на најскапи фудбалери во историјата има пет за кои се опрчија 406 милиони евра. Втори се Каталонците кои за Ибрахимовиќ, Нејмар и Суарез потрошија 245.5 милиони европски банкноти.

Старите или новите „Кралеви“?

Со купувањето на Тони Крос од Баерн, а денеска официјално и на Хамес Родригез од Монако, Реал Мадрид создаде силна петорка која ќе биде задолжена за полнење на мрежите и освојување на трофеи. Некои почнаа да прават споредби со славните Зидан, Фиго, Бекам, Раул и Роналдо.

Човекот што смени 52 тренери во кариерата

Има еден Фергусон кој 26 години беше тренер на ист клуб, но има и една будала што за 26 години избркал 52 тренери. Ова е приказна за загубената битка меѓу тренерите и Маурицио Ѕампарини.

Супер купот на Украина без уплашените фудбалери

Газдата на Шахтар изјави дека неговите играчи нема од што да се плашат за да се вратат во својот клуб, а потоа се закани дека ќе следат казни доколку не ги почитуваат договорите, но тие се уште не сакаат да фатат авион за Доњецк и покрај важноста на натпреварот.

Фејк додавање на Анри

Поранешната ѕвезда на Арсенал веќе 4 години печали во САД, а за да покаже дека не е престарен за фудбал, направи финта на средина од теренот која немаше некој ефект врз играта.

Детето зад интервјуто

Не е битен соговорникот, новинарот и нивниот муабет. Во случајов најбитен е балансот кој не успеа да го одржи грижливиот татко. 

Дунга го враќа образот на Бразил

Поранешниот селектор на Бразил повторно се враќа на клупата на Селекао. Од 2006 до 2010 го водеше Бразил, никогаш не стигна до полуфинале, но и никогаш не загуби 7-1.

Најмладиот навивач на Сандерленд донира за загинатите фанови на Њукасл

Во големата контроверзна авионска трагедија со „Малезија ерлајнс“ во која загинаа 298 патници имаше и двајца навивачи на премиерлигашот Њукасл. Додека клубот тагува за жртвите, нивните најголеми ривали не престануваат да донираат пари за нивните семејства.

Една минута професионален фудбалер

Сиетл Саундерс и Тотенхем одиграа пријателски меч, но исходот од средбата оди во втор план. Домаќините имаа специјално засилување и во тоа во првиот тим. Се работи за 18 годишниот Сендер Бејли кој боледува од цистична фиброза и има само една желба, а тоа е да стане професионален фудбал.

Светското преку фотошоп

Поголемиов дел од сцениве за време на Мундијалот ви се познати. Недела дена по завршувањето некој се позанимавал со монтажа и ставал разни додатоци кои нема да ги очекувате.

Од млекар до милијардер, Џиџи Бекали газдува во Стеауа

За будалаштините на сопственикот на Стеауа од Букурешт, Џиџи Бекали може да се напише цел том книги. Истото важи и за Берлускони, Мамиќ, Ѕампарини и Лотито, сопственици на клубови чии навивачи не сакаат да ги видат.