Фудбал

Брендан Роџерс, кратко, јасно и смешно за новинарите

На прес конференцијата на Ливерпул, новинарот го тегнеше прашањето 20 секунди, а потоа доби одговор пократок од секунда. 

11 пронајдени бомби на стадион каде ќе се игра СП 2018

„Арена Победа“ се наоѓа во Волгоград, а таму се воделе најголемите борби помеѓу Германските нацисти и Советскиот Сојуз кон крајот на 1942 година.

Судија најди црн картон за ова

Ако на времето Михајловиќ можеа да го казнат со 8 меча кога го плукна Кежман во Лигата на шампионите, тогаш во денешно и уште построго време, детево треба да одмори една година од фудбал.

Банерот за избраниот Мојс оди на аукција

Група навивачи на Манчестер Јунајтед ќе го стави на аукција знамето кое неколку месеци стоеше на Олд Трафорд, а со кое му се посака добредојде на „избраниот" наследник на Сер Алекс Фергусон лани.

Александар Дамчевски е една од желбите на Лацио

По петгодишниот престој на Горан Пандев, на стадионот „Олимпико“ во Рим можно е да гледаме уште еден македонски репрезентативец.

ТОП 20 голови на хрватските фудбалери во 2014

Играа на СП во Бразил, играа низ Европа и по континентални натпревари. Дарио Срна за Шахтјор, Андреј Крамариќ за Ријека, Иван Ракитиќ за Барселона, Матео Ковачиќ за Интер, Иван Перишиќ за Волфсбург...

Учител против ученик, Анчелоти против Инзаги

Познанството меѓу Пипо Инзаги и Карло Анчелоти датира од пред 15 години, кога соработуваа во Јувентус, па во Милан. Прво беа напаѓачот и учителот, а сега ќе се сретнат како тренери во Дубаи, на Челенџ купот каде од 17 часот ќе играат Реал Мадрид и Милан, најтрофејните европски клубови.

Мито, експлоатација, 40 степени: Зошто Катар го сака СП?

Постојат прашања со кои светските медиуми се опседнати уште од кога се дозна дека Катар ги има сите права за организација на фудбалскиот Мундијал во 2022. година. Дали ја купиле организацијата и ФИФА е потполно корумпирана и дали фудбалерите ќе поцркаат од топлина во Катар?

Најдобрите 100 голови за 2014-та

Ако имате 18 слободни минути, а за видеово треба да имате, ѕирнете ја најдобрата 100-ка за годинава. Головите на Ван Перси и Родригез од Светско се на број 48 и 40, а на прво место е второлигаш од Германија кој изведе волеј, боли глава.

Леброн Џејмс изброи до 30 години

Што направи Леброн Џемјс пред да наполни 30 години? 2 пати ја освои титулата во НБА, 2 пати беше МВП на финалето, 4 пати беше МВП на НБА лигата 10 пати беше учесник на Ол-стар натпреварите, 2 пати беше МВП на Ол-стар натпреварите, Руки на годината, најдобар стрелец во историјата на Кливленд Кавалирс, 2 пати олимписки шампион.

Барселона не смее да пазари во 2015-та

Арбитражниот спортски суд ја одби жалбата на Каталонците и со тоа клубот официјално ќе треба да мирува на трансфер пазарот идната година.

Премиер лигата пак на долги топки

Црвените ѓаволи сезонава играат фудбал, каков што не игра ниту една од водечките екипи, игра на долги додавања. Само Барнли има повеќе долги пасови од Јунајтед, а Евертон и Астон Вила 90 минути ги трчаат своите напаѓачи кои се мачат да примат топка.

90 минути циркуз на Енфилд Роуд

Црвените конечно заиграа како лани и вчера вечер го декласираа Свонси со 4:1. Натпреварот го одбележија комични моменти од актерите на теренот, како и од оние што ја коментираа средбата. По триумфот, Ливерпул сега е осми со 28 бодови.

Најубавите голови во Јужна Кореја за 2014, Ристиќ втор стрелец

Годинава се одигра 32. сезона во јужно-корејската К-лига Класик, а титулата ја одбрани Поханг Стилерс, екипа која го освојува првенството во последните пет години. Нашиот Стевица Ристиќ од Јеонам Драгонс е втор стрелец во лигата со 13 погодоци, зад Бразилецот Сантос кој даде 14.

10 најпродавани дресови во 2014-та

Само три клубови може да се пофалат со милионска продажба на дресови во изминатава година.

Кој колку трча во Барселона

Лео Меси лесно ќе ве претрка и да сте со точак, а Жорди Алба може слободно да го пријават на подолги маратони.

Антверпен е градот на уличниот фудбал

The Game City е документарец за градот со најмногу маалски игралишта во Белгија на кои се мешаат разни култури, нации, вери, религии. На тие игралишта, фудбалски растеле Раџа Наинголан од Рома, Муса Дембеле од Тотенхем, Аксел Витсел од Зенит и други познати играчи.

Реал ги сруши најдобрите, а Борусија најлошите рекорди

Од најсилните првенства кои имаат зимска пауза, фудбалерите на Баерн Минхен, Реал Мадрид, Јувентус и Олимпик Марсеј со победнички дух ќе ја дочекаат новата година. Барселона и ПСЖ треба да работат на грешките, а Борусија Дортмунд да научи како се победуваше.

Како рангира ФИФА зад фудбалската сцена

Навивачите најчесто ги бројат головите и бодовите, но дали знаат на кој начин ФИФА ги рангира светските фудбалски селекции и колку бодови носат натпреварите меѓу земји од различни континенти? Позицијата на Македонија во 2014-та варираше од 73-то до 112-то место.

Премиерлигашки забавник

По двете празнични кола одиграни во само два дена, Челси ја освои есенската титула, откако Барнли го изненади Манчестер Сити на Етихад 2-2. Јунајтед ремизираше против Тотенхем 0:0, како и Челси против Саутемптон на гости 1:1. Вечерва Ливерпул го пречекува Свонси.

Ќе се повтори ли овој „Боксинг деј“?

Најефикасниот Божиќ Англичаните го имаа пред 51 година, кога во едно коло беа постигнати 66 голови.

Реобединување на Висенте Калдерон

Кога ќе се врати на неговиот најомилен стадион, Фернандо Торес ќе се сретне со некои од поранешните соиграчи, противници и колеги од репрезентацијата на Шпанија.

Најдобрите 50 голови за 2014-та

Компилацијата е направена со познати играчи од големи клубови. Второто и третото место се резервирани за Рома, а на прва позиција е рабоната на Ламела.