Откако неделава го продолжи договорот со Челси за уште една година, зад името на Џон Тери се вртеа многу бројки, а највпечатливи беа бројките за сите негови колеги на стоперската позиција.
АЛЕКС (во Челси од 2004 до 2012)
Бразилецот на Стемфорд Бриџ играше осум години а заедно со Тери настапи на 94 натпревари. Алекс никогаш не се пронајде себе во Челси и во 2012 година побара да биде продаден. Замина во ПСЖ по што изјави: „Во Челси имав проблем само со еден човек, Андре Виљаш-Боаш, но не и со клубот“. Во моментов игра за Милан.
ТАЛ БЕН ХАИМ(во Челси од 2007 до 2008)
Израелецот го засили Челси како слободен играч во 2007 година и со Тери заедно играше одбрана на 11 средби. „Да знаев дека Аврам Грант ќе стане тренер на Челси, никогаш немаше да потпишам“, изјави Бен Хаим, кој на Стемфорд Бриџ дојде на повик на Мурињо.
ВИНСТОН БОГАРД (во Челси од 2000 до 2004)
Богард освои ЛШ со Ајакс и Ла Лига со Барселона, а во Челси беше прогласен за најлошиот дефанзивец што некогаш играл во Премиер. Сините за него дадоа 10 милиони фунти, а Богард се пензионираше во 2011 година. „Светов работи на пари и кога ќе ви понудат толку милиони ти ги земаш. Можеби бев најлошиот стопер во Премиер, но не ми е гајле“, изјави Богард кој со Тери во пар играше само шест пати.
МАРСЕЛ ДЕСАИ (во Челси од 1998 до 2004)
Светскиот шампион со Франција во 1998 година со Тери заедно играше 96 пати. По пензионирањето на Десаи, Тери изјави: „Да растеш покрај Михаел Дубери, Франк Лебеф и Марсел Десаи значи само да станеш подобар фудбалер“.
ЖОЕЛ КИТАМИРИКЕ (во Челси од 2001 до 2004)
Роден во Уганда, стоперот Китамирике за Челси играше само еднаш со Тери. На 17 години, против Хапоел Тел Авив на гостинки терен. Тогаш пола екипа на Челси одби да патува од безбедносни причини. Го напушти Стемфорд Бриџ во 2004 година, а во 2008 година го осудија на 20 месеци затвор поради дилање дрога.
ДАВИД ЛУИЗ (Во Челси од 2011 до 2014)
Бразилецот е еден од ретките што одиграл многу натпревари со Џон Тери. Пред да биде продаден во ПСЖ, Давид Луиз се појави на 80 натпревари покрај Џон Тери.
Останатите партнери на Тери во одбраната во изминатите 17 години: Курт Зума (15 пати играл со Тери), Емерсон Томе (2 пати), Микаел Мансиен (пет пати), Франк Лебеф (21 пат), Бернар Ламбур (10 пати), Томас Калас (еднаш), Бранислав Ивановиќ (232 пати), Роберт Хут (50 пати), Џес Хоџ (4 пати), Вилијам Галас (187 пати), Михаел Дубери (шест пати), Рикардо Карваљо (158 пати), Гери Кејхил (93 пати), Џефри Брума (7 пати), Калид Буларуж (16 пати),