Летото е далеку, но македонскиот напаѓач веќе има јасни идеи каде би сакал да ја продолжи кариерата. Во земјата каде играше најмногу, Италија.
„Во иднина во Џенова? Би сакал, убав град е, мотивира, но сакам прво да завршам овде. Има уште време. Во Италија поминав многу години, потоа одлучив да го напуштам Наполи затоа што сакав да се пробам на друго место и сите знате како пројде. Се надевам договорот ќе ми заврши што е можно побрзо за да се вратам во Италија“, изјави Пандев за италијанското радио Црц.
Гоче додаде уште и дека се кае што се преселил во Галатасарај минатото лето.
„Лошо искуство, но тоа е животот. Во Галатасарај има многу потешкотии. Си замина Прандели, имаме неколку повредени играчи и на крајот од сезоната можеби ќе се вратам во Италија. Не знам ништо повеќе за мојата иднина, има уште многу до крајот на сезонава. Наполи сезонава имаше неколку големи успеси и ништо не е загубено во првенството“, додаде Пандев.
Поранешниот освојувач на Лигата на шампионите со Интер за Галатасарај најчесто играше во Купот каде даде ги даде речиси сите голови за турската екипа.
„Што се однесува за Европа, Наполи играше одлично и верувам дека преку Лигата на Европа може да се пласира во ЛШ. После Јувентус, Наполи го има најсилниот состав во Италија. Ме изненади Лацио, игра одлична сезона и имаат среќа што не играат во куповите. Лацијалите се добри, но Наполи е посилен без разлика што зборува табелата“, констатираше Горан Пандев.
Договорот со Галата му истекува летово, а најблизу до неговите услуги е Џенова, која веќе изрази желба да го доведе.