Фудбал

Сите бомбардери во 2014-та

Тото Ди Натале е лидер во Серија А со 21 гол годинава, Мејер во Бундеслигата, а Кристијано Роналдо во Примера. Ибракадабра е само трет стрелец во Франција, додека изненадувачки лидер има во Премиер лигата. Головите се изброени од целата 2014 година, севкупно со крајот на минатата сезона и почетокот на актуелната.

Лампард останува во Манчестер Сити до март

Откако даде шест и намести два гола од август, Френк Лампард игра сè поважна улога во Манчестер Сити, по што клубот реши уште да го држи на позајмица. Јаја Туре нема да игра во јануари, затоа што мора да оди на Купот на Африка со Брегот на Слоновата Коска.

Време е за „Боксинг деј“

Додека другите слават, Англичаните традиционално за Божиќ и Нова година го билдаат календарот со многу фудбал. Денес ќе може да гледате две лондонски дербија, а во недела Манчестер Јунајтед му гостува на Тотенхем.

Императорот слета во Нормандија

Поранешниот фудбалер на Интер, Рома и Фламенго, по катастрофалните изданија во Бразил, реши да му се врати на европскиот фудбал и потпиша договор со францускиот второлигаш Ле Авр.

Нова поголема казна од УЕФА за ФФМ

По паричната казна на мечот против Луксембург од 12.000 евра, фудбалската федерација сега ќе треба плати уште една од 15.000.

Тренери и фудбалери што се пред бркање од клубовите

Во водечките лиги во Европа викендов се играат последните кола пред зимската пауза. Во некои од тие лиги има играчи и тренери што ќе ги уживаат празниците, а има и такви што сериозно ќе размислуваат за својата иднина во друга средина.

Немања Матиќ е српскиот Клод Макелеле

Жозе Мурињо не треба повеќе да се двоуми кога треба да бира стартер на позицијата дефанзивен играч од среден ред. На 3 февруари годинава за прв пат во тим го стави Матиќ, Челси го победи Манчестер Сити на гости, а тој беше прогласен за играч на натпреварот.

Најдобрите 10 голови на Роналдо во 2014

Португалецот годинава даде вкупно 58 голови за Реал Мадрид и за репрезентацијата. Во дресот на кралевите Кристијано даде 50 голови на 52 настапи, а за Португалија даде 8 на 14 настапи.

Дортмунд оригинално честита Божиќ

Жолто-црните не се решија да честитаат празници преку промотивни спотови, реклами под елки и честитки во студио со пакетчиња, туку честитаа заедно со најверните, таму кај што треба.

Најатрактивниот гол на ФИФА 2015

Усовршеноста на играта прво ја видовме преку Торес, а сега и со атракцијата на Реал Мадрид.

Годината на Брендан Роџерс на Фејсбук

На чело со извонредните Суарез и Стариџ, Ливерпул беше на чекор до шампионската титула во англиското првенство која последен пад ја освоија во 1990-та, но во последните кола работите отидоа наопаку. Челси им ја прекина победничката серија од 11 кола по ред, а потоа ремизираа со Кристал Палас 3:3. Роџерс не успеа да стане херој.

Матеја Кежман објави книга

Поранешниот фудбалер на Партизан, ПСВ, Челси, Атлетико Мадрид, ПСЖ и Фенербахче во петок ќе ја објави автобиографската книга, во која зборува за тоа каков е Мурињо приватно, зошто се скарал со Видиќ, разводот со жена му, проблемите во Париз и други пикантерии од богатата кариера.

Најдобрите 10 екипи за 2014-та според ФИФА

Баварците продолжија со ист ритам во Германија, исто како и Јувентус во Италија. Севиља имаше повеќе среќа во пенал серијата во ЛЕ против Бенфика, Атлетико ни ги освои симпатиите, а Реал Мадрид стигна до јубилејната 10-та титула во Лигата на шампионите.

Черчи вредеше 15, Галијани го донесе за 2 милиона

Галијани на позајмица во Милан го носи италијанскиот репрезентативец кој пред 4 месеци вредеше 15 милиони евра. Во замена го пушта Торес кој на 10 средби даде еден гол.

Балотели ќе добие конкуренција на насловните страници

Холандскиот репрезентативец Елјеро Елија по нова година ќе заигра во Премиер лигата. Според тоа што го правел во минатото, во Вердер конечно ќе има мир во куќа, а Саутемптон ќе треба да вработи учителка.

Челси сениори против Челси петлиња

Најмладите играчи на клубот од Стемфорд Бриџ имаа прилика да се пробаат со нивните идоли, во затворен балон на тренинг. Петлињата играа против Фабрегас, Ширле, Ивановиќ, Рамирес, Дрогба, Куртоа и Кејхил.

Граѓаните сакаат да слават 9-ти пат по ред

Пред дуелот против ВБА во петок, Мануел Пелегрини изјави дека неговата екипа го достигнала врвот на формата годинава и по осум победи по ред сака да го изедначи и урне рекордот од 2011-та година кога беа шампиони.

Топ 20 голови од историската година на Реал Мадрид

Кралевите 2014-та ќе ја завршат со пехари во шпанскиот куп, Лигата на шампиониte и Светското клупско првенство, а срушија и многу рекорди. Број 1 гол е тркот на Бејл во финалето од Копа дел Реј.

Балотели се извади на искреност

Фудбалската асоцијација на Англија не му прости за објавувањето на сликата од Супер Марио, но го казни со само еден натпревар.

Мурињо ги испофали Фергусон и својата сопруга

Поранешниот тренер на Манчестер Јунајтед минатата недела изјави дека не е фер што Мурињо изгледа добро, зборува пет јазици и освојува сè како Џорџ Клуни. Специјалниот му врати на препознатлив начин.

100 години од фудбалското примирје во Првата светска војна

Самата помисла на борбите во Првата светска војна асоцира на многу изгубени животи, рововски битки и живот во ровови под дожд од гранати. Сепак еден настан во Белгија ја одбележал последната битка на Западниот фронт во првата година од војната.

Пипо Инзаги ја врати публиката на стадион, Интер и Наполи ги загубиja навивачите

Натпреварите од италијанското фудбалско првенство привлекуваат сè помалку навивачи на стадионите. Статистиката покажува најголем пад на гледаноста во последните пет години од 11,4%.