Фудбал

Другарски потег за водство на Рошдејл

Во англиската Лига 1 (трета по ранг), Рошдејл го победи Брадфорд на гости 1:2, а моментот на мечот се случи во 12. минута, кога гостите го отворија резултатот преку Винсенти.

Наполи уморен од судиската помош за Јуве

Шампионот на Италија го замолкна и Сан Паоло во Неапол, а Наполитанците веднаш по мечот распалија по судиите, за кого велат дека му помагаат на торинскиот клуб во борбата за титулата.

Екскурзијата на Касано во Реал Мадрид

На 4. јануари 2006-та година, Фантантонио ја напушти Рома и потпиша договор со Реал Мадрид. Дојде како најголем талент на европскиот фудбал, а Мадрид го напушти по караниците со неговиот втор татко, Фабио Капело.

Освалдо смени 10 клубови за 10 години

Откако вербално го нападна соиграчот Мауро Икарди на сред дербито со Јуве, Даниел Освалдо заврши надвор од составот на Интер, екипа која веќе не смета на него. Каде и да играше, Италијанецот со аргентинско потекло даваше голови, но правеше и проблеми, караници и тепачки.

Како се кине мрежата на ПСЖ

Во натпревар од француското првенство, ПСЖ водеше 2:0, а на крајот загуби со 4:2 од Бастија. Јунакот на големиот пресврт вечерва против ПСЖ, Жулиан Палмиери даде два гола, од кој едниот беше право ремек дело.

10 римски дербија од историјата

Кам бекот на Ди Канио по 16 години, четирите голови на Монтела, смртта на Винченцо Папарели, скандалозниот прекин, првото историско финале во купот. За дуелот меѓу Рома и Лацио кој ќе го гледате во недела има многу да се раскажува. 

Фудбалер на Саутемптон доби награда од компјутерска игра

Секој фудбалер сонува за престижна награда, како што е на пример „Златната копачка“ или „Златната топка“, но десниот бек Натаниел Клајн без срам и перде подигна награда од играта Fantasy Premier League. Причината не е дека е најдобар, туку затоа што во полусезоната најмногу му рипнала цената.

Зошто е лесно да се победи Арсенал

Топџиите во Премиер лигата ја имаат деветтата најдобра одбрана според примени голови, а главниот проблем не е слабата одбрана, туку раштиманиот среден ред каде недостасува цврстина.

Фудбалер на Торино против тероризмот

Мароканецот Ел Кадури од Торино денес на Твитер постираше слика преку која се обиде да покаже дека луѓето треба да ја сфатат разликата меѓу религијата и теророт.

Што треба да гледате викендов?

Барселона, Манчестер, Евертон, Неапол и Рим викендов ќе бидат градовите во кои ќе се играат дерби натпревари. Конкурентноста за врвот ги прави овие средби уште поголеми и потензични.

Стиви Џи од прва во агол

Откако објави дека на лето го напушта Ливерпул и преоѓа во ЛА Галакси, Стивен Џерард ги смрзна сите навивачи на Енфилд. Голов на тренинг можеби малку ќе ги расположи.

Првиот Фејв на Твитер на Серхио Агуеро

Напаѓачот на Манчестер Сити има близу осум милиони следбеници на Твитер, твитнал околу 3.700 Твита и следи околу 116 луѓе на оваа мрежа. Од почетокот, па до сега фејвнал само еднаш и тоа вчера.

Англиските клубови заработија 10 милиони долари од Мундијалот

Во вид на компензација за настап на нивните играчи, од островот најмногу инкасираше Челси, 1,2 милиони долари, додека двете екипи од Манчестер и Арсенал добија по нешто повеќе од милион долари.

Како работи пазарот за фудбалери во месец јануари?

Ниту еден клуб не сака да загуби некој од своите фудбалери во зимскиот преоден рок и да нема доволно време да најде соодветна замена за вториот дел од сезоната. Најскапиот трансфер во историјата на зимскиот преоден рок е оној на Фернандо Торес од Ливерпул во Челси.

Најбрзите и највредните играчи во Премиер лигата

Истиве податоци неодамна ги пишувавме за фудбалерите на Барселона и тоа значи дека Сисоко од Њукасл во игра е побрз од Меси.

Роналдо не ги сака секогаш камерите

Карло Анчелоти градското дерби од купот го почна без Кристијано Роналдо, а за тоа што губеше, на Португалецот изгледа крив му беше камерманот на кој му се обрати со зборовите: Немаш попаметна работа.

Јануарска Премиер лига без Африканците

Азискиот куп започнува утре, а оној на Црниот континент стартува на 17. јануари, по што многу англиски клубови ќе останат без клучните играчи во своите состави пред одлучувачките натпревари во сезоната.

Забавната страна на Арсенал

Освојувањето на ФА купот, потпишувањето на Алексис Санчез, откривањето на статуата од Денис Беркамп, меѓусебните дружби, средбите со навивачите, пеењето на Божиќ се дел од убавите работи кои им се случуваа на Топџиите во 2014-та. 

Тактичарот Галијани и заложникот Макси Лопез

Искусниот ќелавко кој е махер за тоа како треба да се игра умно за време на трансфер периодите, во овој јануарски преоден рок веќе направи зделка по своја мерка. За време на пазарењето понекогаш чува и резервни играчи кои го чекаат “затворени“ во хотел, но не му секогаш исплатливи.

И фудбалот за Шарли Ебдо

По терористичките напади во парискиот сатиричен магазин, француската фудбалска федерација соопшти дека сите натпревари во првенството и купот викендов ќе почнат со едноминутно молчење во знак на почит кон жртвите. Вчера се молчеше на дуелот Лил - Евијан, а веднаш потоа загрме и Марселеза, француската химна.

Барса, Меси и Енрике, каде запна работата?

Пред неколку сезони, каталонскиот клуб беше модел за атрактивен и отворен стил на игра, а трофеите се редеа еден по друг. Сега Каталонците се на насловните страни од многу поразлични причини.

101-во место за македонската репрезентација

Фудбалскиот национален тим 2015 година ја стартува со пад од едно место на ранг листата на ФИФА.

Висенте Калдерон енигма за Реал Мадрид

Во првиот натпревар од 1/8 финалето на Кралскиот Куп, Атлетико Мадрид го победи Реал Мадрид 2:0. Торес повторно дебитираше за „јорганџиите", Роналдо влезе во второто полувреме, а Диего Симеоне славеше со син му, кој собираше топки.