Голот на Чарли Адам не е од најдалеку

Откако фудбалерот на Стоук Сити го замрзна Стемфорд Бриџ со изразмнувачкиот гол од 60 метри, англиските медиуми копаа по историјата на Премиер лигата, за да видат кој гол е постигнат од најдалеку. Голманот на Стоук, Асмир Беговиќ пред две години даде од гол на гол.

Чарли Адам
Челси - Стоук Сити (4.4.2015) 
 
Додека сите очекуваа фаул над Еден Азар кој падна во еден дуел со играчите на Стоук, Чарли Адам ја зема топката и од својата половина го матираше Тибо Куртоа. На Белгиецот не му остана ништо друго освен да ја вади топката од својата мрежа. Според Мурињо, овој гол е најубав во сезоната.
 
 
Дејвид Бекам
Вимблдон - Манчестер Јунајтед (17.8.1996)

Дејвид Бекам стана ѕвезда преку ноќ по фантастичниот гол против Вимблдон. По кратко додавање, Бекам точно од средината на теренот го лобуваше домашниот голман Нил Саливен.


Мајнор Фигероа
Стоук Сити - Виган Атлетик (12.12.2009)

При резултат 1-1, фудбалерите на Стоук направија фаул на противничката половина. Гостинскиот фудбалер Фигероа не размислуваше многу, виде дека голманот на Стоук Томас Соренсен е излезен и го лобуваше буквално од својата половина. Подоцна, Данецот му одбрани пенал на Фигероа а средбата заврши 2-2.

Чаби Алонсо
Ливерпул - Њукасл Јунајтед (20.9.2006)

На мечот против Њукасл, Баскиецот го повтори неверојатниот гол постигнат претходно против Лутон Таун во репризата на ФА Купот. Ливерпул во септември истата 2006-та година го пречека Њукасл, а Чаби Алонсо во голем стил ги обезбеди трите бода за Црвените.

Џои Гудјонсон
Лестер - Хал Сити (4.3.2006)

Џои Гудјонсон си ја проба среќата од центарот на теренот и постигна ефектен гол за водство на Лестер 2-1 против Хал Сити.

Асмир Беговиќ
Стоук Сити - Саутемптон (2.11.2013)

Асмир Беговиќ го постигна најубавиот гол во сезоната 2012/2013, кога на Британија Стадионот шутираше од гол на гол и го совлада Артур Боруч.

6 април 2015 - 12:13