Бразилскиот фудбал ни донесе една многу ретка случка во која се судрија навивачите на Интернасионал и фудбалерот Фабрицио кој игра за истиот тим. Тие го исвиркуваа, а тој збесна и им покажа среден прст. Судијата го прати под туш и по неговата реакција тешко дека ќе има помирување.