Барселона ја игра речиси на секој меч, а од неа ја научија многу спортски колективи кои да му е мерак на човек да ги гледа како ја работат пред гол. Мајстори овој пат се фудбалерите на Тајланд кои славеа 3:0 на гостувањето во Виетнам на квалификациски меч за СП 2018.
Поранешниот репрезентативец на Југославија, Мехмед Баждаревиќ со триумфот над Кипар на гости ја однесе БиХ во баражот за ЕП 2016, а на прес конференцијата сакаше да направи селфи со еден од новинарите.
Пред почетокот на дуелот Турција - Исланд на стадионот во градот Коња имаше едноминуто молчење во чест на приближно 100 загинати луѓе во бомбашкиот напад во Анкара минатиот викенд. Голем дел од публиката свиреше, негодуваше и скандираше за време на молкот и се создаде непријатна атмосфера.
Синоќа завршија едни од најинтересните квалификации за Европско првенство, преку кои 19 репрезентации плус домаќинот се квалификуваа директно а четири ќе стигнат преку баражот кој се игра во ноември.
Фудбалерите на Турција го фатија последниот воз за Европското првенство, откако доцна синоќа славеа против Исланд, а Казахстан ја совлада Летонија. Турците први го завршија својот меч во Коња, па на мобилен телефон гледаа дали ја затвори Латвија.
Тоа што денеска го пишувавме околу начинот на кој Турција може да се квалификува директно на ЕП како најдобра третопласирана селекција, се случи, а Холандија пo 30 години не успеа да обезбеди пласман на Еврошампионатите.
Белгија вечерва го игра последниот квалификациски меч за ЕП Франција 2016, а најголемиот кривец што немаше водство на полувреме против Израел е промашување на Мертенс. Членот на Наполи се посрамоти на асистенцијата на Кевин де Бруин.
Алексис Санчез игра во одлична форма, неговиот Чиле го совлада Бразил 2:0 во првото коло од квалификациите за СП 2018, а вечерва му гостуваат на Перу. Тоа им било доволно на Перуанците да му прават малер на фудбалерот на Арсенал.
Со синоќешниот триумф од 4:2 против Луксембург, Словаците собраа 22 бода и како второпласирани во Групата Ц каде бевме и ние, го слават првото историско учество на Европските првенства. Мартин Шкртел и неговите колеги беа во елемент и му го прекинаа интервјуто на селекторот Јан Козак.
После најновите пресметки, репрезентацијата на Турција ќе обезбеди директен пласман во Франција како најдобра трета во случај да го победи Исланд, а Казахстан во истата група да ја победи Летонија на гости.
Фудбалската репрезентација на Албанија пред шест години беше 90-та селекција на ранг листата на ФИФА, а изминатиов викенд еуфорично го прослави историскиот прв пласман на едно големо натпреварување.
Ако некој фан на Ливерпул се најде во Москва и му се оди по нужда, најпријатно ќе му биде во овој тоалет каде грми нивната омилена навивачка песна која е задолжителна на Енфилд Роуд.
Последен пат Холандија пропуштила едно Европско првенство во 1984 година, а вечерва на Лалињата им е денот Д затоа што мора да ја победат Чешка и да се надеваат дека Исланд кој е квалификуван на ЕП, ќе ја победи Турција на гости.
Денешниот датум требаше да биде почеток на една успешна фудбалска приказна која ќе кулминира со пласман на едно Европско првенство, на кое се израдуваа сите наши соседи. Но се претвори во фудбалски кошмар составен со порази од Андора и Луксембург.
Пред околу 1.000 гледачи на арената во Борисов, Македонија и Белорусија одиграа досадни 90 минути без голови во меч без никакво значење. Нашите дрва останаа закопани на дното на табелата со 4 бода, исто колку што има и Луксембург.
На дуелот Србија - Португалија од квалификациската група И за пласман на ЕП 2016 се случи несекојдневен момент кој веројатно ќе влезе во Гинисовата книга на рекорди.
На фудбалските терени, особено во пониските лиги имало кокошки, кучиња, мачки и птици, но никогаш не сме виделе воз. Во местото Черни Балог во Словачка, воз поминува покрај аут линијата.
Албанскиот портал Опозита пишува дека голманот и тројца дефанзивци на Ерменија добиле по 500.000 евра за да им пуштат на Албанците кои славеа 0-3 во Ереван.
Македонската фудбалска репрезентација вечерва од 20:45, во директен дуел со Белорусија во Минск ќе се обиде да го избегне дното во групата Ц. Во исто време, Украина мора да победи за да оди на ЕП како најдобра трета.
Шкотска водеше 2-1 против Полска која израмни преку Левандовски во дополнителното продолжение, поради тоа што навивач влезе на терен да направи селфи со Роберт Левандовски кој им даде два гола.
Германскиот комедијант Матце Кноп реши да го одглуми Јирген Клоп, кој на навивачите на Ливерпул им се претставува буквално на сред улица каде поминуваа коли и камиони.
Македонските фудбалери ниту на третиот натпревар по ред не дадоа гол и сега 270 минути не знаат како е да се затресе противничката мрежа. Украина вечерва рутински славеше 0-2 за седми пораз на Македонија во тековните срамни квалификации.