Селекцијата на Турција го совлада Исланд со 1:0, а со ист резултат Казахстан ја совлада Латвија на гости. Токму ова сценарио и беше потребно на Турција која како најдобра третопласирана селекција вечерва слави директно учество на ЕП 2016.
Казахстан во меч без никакво значење славеше во Латвија со 1:0, а Турците за тоа треба да го частат Куат кој го постигна победничкиот гол во 65 минута. За драмата да биде поголема избраниците на Фатих Терим голот против Исланд го дадоа во 89 минута преку Селчук Инан кој беше јунак на мечот од слободен удар, а потоа чекаа да заврши 7 минутното продолжение во Рига за да можат да прослават.
We are proud and happy! #Turkey @demarkesports: Bizim çocuklar. pic.twitter.com/7u2i2VpCi1
— Turkey_Pics (@Turkey_Pics) October 13, 2015
Најдобра третопласирана селекција беше Унгарија, но вечерва по победите на Казахстан и Турција математиките и се помешаа.
Во истата група срамот го изеде Европскиот првак од 1988 година, селекцијата на Холандија која вечерва беше поразена на домашен терен од Чешка со 3:2. Шансите за Лалиљата да бркаат Европско преку баражот беа да победат, а Турција да загуби од Исланд.
Група А: Чешка 22, Исланд 20, Турција 18, Холандија 13, Казахстан 5, Латвија 5.
Неизвесно беше и во групата Х каде Италија со пресврт ја совлада Норвешка и одигра за Хрватска која славеше минимално на гостувањето во Малта. Италијанците се лидери во групата без ниту еден пораз и заедно со Коцкестите одат директно на ЕП. Норвешка ќе се бори преку баражот.
Група Х: Италија 24, Хрватска 20, Норвешка 19, Бугарија 11, Азербејџан 6, Малта 2.
Во Б групата Белгија очекувано го совлада Израел со 3:1 по што ќе биде број 1 во светот на следното рангирање на ФИФА, а Велс ја победи Андора со 2:0. Овие две селекции одат директно на ЕП, а БиХ која славеше со 3:2 на Кипар како третопласирана ќе брка виза преку баражот.
Група Б: Белгија 23, Велс 21, БиХ 17, Израел 13, Кипар 12, Андора 0