Со синоќешниот триумф од 4:2 против Луксембург, Словаците собраа 22 бода и како второпласирани во Групата Ц каде бевме и ние, го слават првото историско учество на Европските првенства. Мартин Шкртел и неговите колеги беа во елемент и му го прекинаа интервјуто на селекторот Јан Козак.