Јап Стам го носеше дресот на Лацио од 2001 до 2004 година и освои Куп на Италија, а за време на резултатската криза на тимот имале непријатна посета за време на тренингот.
„Минувавме еден тежок период со многу ложи резултати, а навивачите протестираа. Еден ден додека имавме тренинг во теретана, се појави нашиот тим менаџер со четворица маскирани навивачи на кои не можевме да им ги видиме лицата. Сакаа да зборуваат со нас по секоја цена. Ни се закануваа и ни рекоа повеќе да се залагаме на терен. Тоа беше шок за нас. Во тој момент мислев дека не се кои лудаци, но во Италија се навикнати на такви ситуации“
43 годишниот Стам дојде во Лацио од Манчестер Јунајтед каде ги имаше најголеми успеси и каде освои три титули во Премиер лигата и Лига на Шампиони. По Лацио замина во Милан, а кариерата ја заврши во Ајакс.
Сега работи како асистент тренер во вториот тим на Ајакс, а откако во 2008 година се пензионираше работеше како скаут за Манчестер Јунајтед.
Како реагираше кога ќе му погрешат во Лацио.