Србија смени четири капитени за осум минути

На дуелот Србија - Португалија од квалификациската група И за пласман на ЕП 2016 се случи несекојдневен момент кој веројатно ќе влезе во Гинисовата книга на рекорди.

Покрај Холандија, една од репрезентациите со познати фудбалски имиња која не обезбеди пласман на ЕП е и Србија. Селекцијата на Србија ги заврши квалификациите на претпоследното место во групата со само четири бодови од осум натпревари.
 
Во последното коло, Португалија синоќа ја совлада Србија во Белград со 2:1 и на тој начин ја потврди фаворитската улога во групата.
 
Сепак, натпреварот Португалија - Србија имаше и еден занимлив и несекојдневен момент. Србите дури четири пати го менуваа капитенот за време на мечот и тоа во рок од само осум минути, момент кој сигурно е за Гинисовата книга на рекорди.
 
Репрезентацијата на терен ја поведе капитенот Александар Коларов од Манчестер Сити. Коларов во 77-та минута беше заменет со Иван Обрадовиќ (доби црвен картон на клупата за резерви поради приговор), па капитенската лента ја зема Немања Матиќ од Челси. После само четири минути, Матиќ доби црвен картон, па капитен беше Зоран Тошиќ кој беше веднаш заменет, а од 85-та минута капитен стана голманот Владимир Стојковиќ кој се повреди пред судиската свирка за крај на мечот.
 
Головите и најинтересните моменти од мечот Србија - Португалија: