Алико Данготе, најбогатиот човек во Африка ја повтори желбата да купи акции во премиерлигашот од северен Лондон. Во Нигерија го критикуваат поради идејата да вложува надвор, а не дома.
Аргентина остана без пехарот кој им фали од 1993. година кога славеа со легендарниот Габриел Омар Батистута, а Чиле за прв пат ја освои Копа Америка по пенал рулетот кој го одлучи шампионот.
Претседателот на Динамо Загреб, Здравко Мамиќ и неговиот брат Зоран Мамиќ кој е тренер на клубот приведени се на хрватската граница откако се враќале од Словенија, а УСКОК привремено го повлекле барање за притвор поради тоа што пристигнале во Загреб.
УЕФА во 2011 година ги ограничи клубовите со трансферите со тоа што може да трошат колку што заработуваат. Мишел Платини во интервју за француското радио РТЛ изјави дека правилото добро функционира, но дека ова лето ќе го изменат. Тоа може да донесе бум во овој преоден рок.
30-годишниот Горан Гогиќ, кој беше дел од шампионскиот тим на Црвена звезда пред две години, вчера колабирал на тренинг во кинескиот Џингдау, а лекарите подоцна констатирале смрт.
Дупките во законите и прописите во фудбалскиот сојуз Мамиќ ги искористил и хрватскиот фудбал го ставил под своја контрола, а тоа му овозможило да се збогати од големиот број на трансфери за кои не плаќал данок, пишува Индекс.
Со 16 години Лука Јовиќ стана најмладиот стрелец и најмладиот играч во историјата на Црвена Звезда кој настапил на белградското дерби. Го меркаат Јуве и Арсенал, а го споредуваат со Златната копачка од 1991-ва и со Радамел Фалкао.
Пини Захави кој посредуваше со познати трансфери како оние на Стам и Фердинанд во Манчестер Јунајтед и Чех и Дрогба во Челси, се очекува да има големо влијание во белгискиот фудбал, а големи се шансите на македонскиот стратег да му носи засилувања од Стемфорд Бриџ.
Иако во август ќе играат прелиминарно во плејофот на ЛШ, составот на Лацио статистички има недостиг од искуство за најбогатиот европски фудбалски турнир. Исто е и со тренерот Стефано Пиоли кој прв пат ќе се бори за ЛШ, но тука е маестро Миро Клосе.
Кариерата на Бразилецот е исполнета со голем број на трофеи, вкупно 13. Победата на туберкулозата добиена за време на престојот во Русија додека бил член на Динамо Москва му дало поттик да стане еден од најдобрите дефанзивци во светот.
Нисколигашки клуб од Естонија ниту се предаде, а ниту реши да пушти да глумат четворица играчи фаул за судијата да го прекине мечот. На натпревар од естонскиот куп тие на полувреме губеа 19:0, а во второ примија уште 12. За сето тоа имаат доказ и спомен.
Трансферот на Бразилецот кој доби хрватски пасош за да игра за репрезентација беше еден од најбогатите на Динамо Загреб од кои успеа да доста да заработи Мамиќ. Тој во неговиот договор стави чудна стапка според која ќе заработува од него каде и да мрдне.
Во 2004. година стана познат откако го пронајдоа три недели по страшното цунами во Индонезија, а денес станува член на младинскиот состав на Спортинг Лисабон и оди по стапките на идолот Кристијано Роналдо.
Фудбалерот на Силекс доби кривична пријава од МВР бидејќи е осомничен дека на четворица свои соиграчи им понудил по 1.200 евра да го наместат мечот со Металург кој се одигра на 18 мај.
Управата на германскиот вицешампион реши да го тргне од употреба дресот со број 19 во чест на белгискиот фудбалер Маланда кој на 10. јануари годинава загина во сообраќајна несреќа.
На кровот над источната трибина од Маракана, по ново стадион Рајко Митиќ во Белград утрово полицијата пронашла стара, неактивирана бомба. Звезда вечерва игра против Каират во 1. коло од квалификациите за Лига на Европа.
Турскиот репрезентативец се збогуваше со фановите на Атлетико Мадрид, откако вчера договори трансфер во Барселона. Туран постираше видео на социјалните мрежи на кое им се заблагодари на навивачите кои четири години го скандираа неговото име.
Контроверзниот претседател на Динамо Загреб кој дрма со години во хрватскиот фудбал е осомничен за мито, корупција и затајување на данок, пишува Индекс.
Борусија Дортмунд е клуб кој има најголема посетеност во Германија, сезонските карти им одат како алва, а права борба имало и за новиот сезонски дрес на Милионерите.