
Во Данска го одбраа најлошиот можен начин да ја поддржат својата репрезентација пред историскиот реванш дуел против Шведска за пласман на ЕП 2016. Поточно лидерот на данската ултра-десничарска партија Даниел Карлсен го одбра тој начин.
Повод за неговата бесмислена изјава беше плакатот на кои се сликани тројца дански фудбалери, меѓу кои и црномурестиот бек Жорес Окоре. Карлсен на својот Твитер ја постирал фотографијата со постерот и напишал:
„За жал, немаат само кратките шорцеви нова боја“.
На пример, на почетокот на годинава, германскиот бренд Харибо бонбони мораше да го прекине производството и продажбата на слатките бонбони за пазарот во Данска затоа што направиле црни гумени бонбони во облик на луѓе. Тоа наиде на остри реакции и осуди.
Во меѓувреме, пораки со поддршка и охрабрување на навредениот бек стигнуваат од сите страни на оваа скандинавска земја.
„Овој дрес ти припаѓа тебе, пријателе - напиша на својот Твитер играчот на Аархус, Даниел А. Педерсен. - Би бил горд да играм со тебе за репрезентацијата. Некои луѓе се едноставно глупави".
„Во XXI век не им верував на очиве кога ги прочитав тие гадости"- изјавил Никола Ѓуриќ, менаџерот на фудбалерот. Тоа не е ништо помалку страшно од терористичките напади во Франција", констатирал Ѓуриќ.
Данскиот фудбалски сојуз и сите репрезентативци му дадоа поддршка на навредениот фудбалер. На Твитер е поставена фотографија од двајца репрезентативци, Пјер-Емил Хејберг и Јусуф Поулсен. Лицата им се обоени од една страна во боите на данското знаме, а на другиот образ боите на знамето на Танзанија и Франција (претците на овие играчи доаѓаат од овие земји).
Целата ситуација е тажна за самиот фудбалер на Астон Вила. Окоро отсекогаш нагласувал дека ја почитува Данска и ја сака како своја татковина. Неговите родители се преселиле во оваа земја од Брегот на Слоновата Коска кога Окоро имал три години, а пред неколку години одбил да игра за Брегот на Слоновата Коска, и ја одбрал Данска.
Во 2011 година, дефанзивецот ја освои шампионската титула во тимот на ФК Нордсјеланд и стана првиот црномурен играч во историјата на данската репрезентација.