Здраво Мамиќ утринава е уапсен заедно со четворица, а меѓу нив е и неговиот син Марио, кој е инаку менаџер на повеќе фудбалери на Динамо Загреб, како и неговиот внук Ники Виксан кој го работи истото, пишува Индекс.
Во акцијата на УСКОК, телото за сузбивање на корупција и криминал, повторно се споменува и претседателот на хрватскиот фудбалски сојуз, Дамир Врбановиќ, но овој пат меѓу уапсените гонема братот на Мамиќ.
Според Н1 Здравко Мамиќ, неговиот син Марио и другите тројца уапсени се осомничени дека во периодот од 2004 до 2015 година незаконски заработиле 80 милиони куни (10 милиони евра) од трансфери на играчи.
Оваа година браќата Мамиќ беа уапсени на 3 јули на границата меѓу Хрватска и Словенија поради затајување данок. Тие се под истрага дека го оштетиле Динамо за 117,8 милиони куни, а Хрватска 12,2 милиони куни поради неплатен данок.
По две недели во притвор беа ослободени со кауција од 1,5 милиони евра за да се бранат од слобода.
Како реагира кога новинарите го прашуваат за син му.