Шиме Врсаљко од Сасуоло е фудбалерот со најмногу фаули сезонава во Серија А. Младиот хрватски дефанзивец на 12 меча има направено 25 прекршоци.
Во топ 10 листата се Костас Манолас со 23 и Лукас Дигње со 19 направени фаули, а од Лацио најмногу фаулираlе Сантијаго Џентилети со 20 и Маурицио со 19.
10 фудбалери со најмногу направени фаули по првите 12 меча во Серија А:
1. Шиме Врсаљко, Сасуоло (25)
2. Костас Манолас, Рома (23)
3. Масимо Гоби, Киево (23)
4. Калиду Кулибали, Наполи (21)
5. Матија Де Шиљо, Милан (20)
6. Сантијано Џентилети, Лацио (20)
7. Маурицио дос Сантос, Лацио (19)
8. Лукас Дигне, Рома (19)
9. Али Аднан, Удинезе (19)
10. Алеандро Роси, Фрозиноне (18)