Серија А не е од голема корист за италијанската репрезентација

Во период кога на сцена се репрезентациите, Италијанците ги преброија странците од првопласираните четири екипи во првенството и пресметаа дека само 16 од вкупно 88 фудбалери може да бидат повикани во националниот тим.

Премиер лигата ја красат странците и можеби тоа е една од причините што Англија има силна лига, но слаба репрезентација која нема освоено Светско од 1966-та. Италијанците го немаат тој проблем со титули, но почнаа многу да извезуваат играчи од странство кои им се најсилната страна во Серија А.

За пријателскиот дуел меѓу Италија и Белгија, селекторот Антонио Конте можел да одбере само 16 играчи од вкупно 88 кои играат за екипите кои се на водечките четири места на табелата во домашното првенство. Во прв состав настапи само Флоренци од Рома, а на клупа беа Астори од Фиорентина и Габијадини од Наполи.

Фиорентина оваа сезона има употребено 22 играчи, а само 5 од нив се Италијанци. Интер од 23 фудбалери на терен, пуштил само 3 Италијанци. Наполи и Рома кои употребиле по 18 и 25 играчи настапиле со по 4 фудбалери од чизмата.

Ако до пред неколку години селекцијата на Италија беше полна со играчи од Јувентус, Милан, Интер, сега не е баш така. Дури 81 проценти кои настапиле во првопласираните четири екипи оваа сезона се странци.

Во целата лига од почетокот до сега, во првите 12 кола, 56 проценти од играчите кои се појавиле на терен биле странци или поточно 263 од вкупно 467. Од нив двајца се Македонци, Алексадар Трајковски и Горан Пандев.

Сезонава во Серија А обично насловните страници ги полнат играчи како Игуаин, Жервињо, Пјаниќ, Иличиќ, Хандановиќ, Медел, Борха Валеро...

17 ноември 2015 - 11:10