За време на подготвителниот дел за новата сезона која почнува на 8 август, 20-те англиски екипи од Премиер лигата ќе се распрскаат на сите четири корнери од земјината топка и ќе поминат вкупно околу 300.000 километри со авион.
Со отворањето на трансфер пазарот ова лето, клубовите кои ќе купуваат играчи ќе мора да бидат внимателни во изборот за да не им се повтори ланската година. Особено Манчестер Јунајтед кој се очекуваше да растура во напад со Ди Марија и позајмениот Фалкао.
Шпанските медиуми уште во понеделникот објавија дека Арда Туран е нов фудбалер на Барселона, а денес избунариле по архивите и нашле интересен податок поврзан со Турчинот и Барса.
Откако го доби маратонот со Кевин Андерсон со 3-2 во сетови, Новак Ѓоковиќ го анализираше мечот и се извини за тоа што во еден момент нервозно му се развика на девојчето што собира топки зад него.
Прво од ударот на Хулк со се топка летна и голманот па не ни е беше јасно за што се работи, па потоа излезе дека сето тоа е една забава со моќниот Бразилец која продолжи со распаѓањето на топката и рушењето на ѕидот на плејстејшн.
Играа заедно за Југославија, служеа заедно војска, а од 1992-ра до 1998-ма се радуваа во Милан на три Скудета, Лига на шампионите, Супер куп на Европа...Савичевиќ не ги сакал тренерите и на тренинг го пцуел Капело, а Бобан морал да лаже во преводот.
Нани ги збудале навивачите на Фенербахче кои го пречекаа на аеродром, но еднаш го збудале и Роналдо на кој мајсторијата му пропадна во вода поради непромислениот потег на Нани.
Кога еден фудбалер игра одлично во клубот, а бледо во репрезентацијата тогаш критиките во родната земја се како добар ден. Тоа му се случува на Меси кого голем дел од Аргентинците го обвинуваат за поразот од Чиле.
Едсон Арантес до Нашименто, во цел свет познат како Пеле дресот на Бразил за прв го облече на денешен ден пред точно 58 години на мечот против Аргентина.
Според бројките објавени вчера од страна на државните анкетари, 73 проценти од Русите се изјасниле дека се незаинтересирани за фудбал, што е застрашувачки процент. Пред 10 години изнесуваше 43 проценти.
Роден во рударски град, без пари и со скромна плата на мајка му, Алексис Санчез сам се снаоѓал за да дојде до некој денар и да помогне дома. Градоначалникот му ги купи првите копачки, а тој возврати со донации за изградба на фудбалски игралишта.
Португалецот Маџер кој има 38 години тргна од центар со жонглирање, направи 13 и на крајот ја заби како на флипери. Ваквите видеа се гледаат, не се објаснуваат многу.
Светското фудбалско првенство за жени во Канада заврши со триумф на САД против Јапонија од 5:2. Наградата за најдобар стрелец ја добија Чарли Лојд (најдобра на првенството) и Целија Шашиќ од Германија со по 6 голови. Следниот Мундијал за жени се игра во Франција за четири години.
По пет годишниот престој во Италија и кусото искуство во Серија А со Парма, 23 годишниот македонски репрезентативец од следната сезона ќе настапува во хрватското првенство кое почнува следниот викенд.
Алексис Санчез го реши финалето со пеналот против Аргентина, а солидни настапи имаа и Маурисио Исла и Едуардо Варгас кои настапуваа во КПР како позајмени фудбалери од Јувентус и Наполи. Варгас е и најдобар стрелец со четири постигнати гола заедно со Гереро од Перу.
Легендарната школа на фудбалот на Барселона во последно време минува низ сериозна резултатска криза, а играчите од академијата никако да се протнат во првиот тим како нивните претходници.
Кралот на трансферите доби едномесечен притвор заедно со брат му. Тие не успеале да се ослободат со кауција поради сомневање дека може да влијаат кај сведоците. Еден од нив е и Лука Модриќ чиј трансфер е сомнителен.
Откако браќата и родителите на Меси и родителите на Агуеро биле нападнати од Чилеанците на трибините, полицијата ги сместила во телевизиските кабини каде го догледале финалето. Постариот брат на Меси бил погоден со предмет по глава.
Алико Данготе, најбогатиот човек во Африка ја повтори желбата да купи акции во премиерлигашот од северен Лондон. Во Нигерија го критикуваат поради идејата да вложува надвор, а не дома.