АталантаМинатата сезона Аталанта беше готова да испадне од Серија А. Буквално целата сезона, Бергамашите со една нога висеа во Серија Б. После 23. кола имаа 38 бодови, беа 17-ти и се спасија во последното коло. Искусниот Еди Реја дојде на место на тренерот Стефано Колантуоно и веднаш ја смени тактиката во 4-3-3 со изразени крила.
Голот го чува Марко Спортиело кој брани во одлична форма. Средината ја носи најголемиот талент на неговото време, Лука Чигарини, а во напад е триото Макси Моралес - Маурисио Пиниља - Алехандро Гомес. Во моментов се осми во Серија А со дури 9+ бодови повеќе од лани ова време. Нивната сила сезонава на своја кожа ја почувствува и Милан на Сан Сиро каде Аталанта имаше повеќе од 70% посед на топката.
ВотфордЕкипата на Вотфорд после цели осум години се врати во Премиер лигата, откако во претпоследното коло од Чемпионшип лани го совлада Брајтон. Пред почетокот на сезонава, шансите Вотфорд да не опстане биле 99%, затоа што клубот никогаш во 134-годишната историја не го задржал премиерлигашкиот статус. Секогаш бил најдолу и испаѓал.
Српскиот тренер Славиша Јокановиќ кој беше најзаслужен за пласман во Премиер лигата не доби продолжување на договорот и на негово место дојде Кике Флорес. Шпанецот летово се реши да ги донесе Виктор Ибарбо, Етуен Капу и Валон Бехрами. Вотфорд во моментов има 16 бодови после 11 кола и е 11-ти на табелата (7 позиции над местото кое значи испаѓање).
ИнголштадБез сомнение, Црните се право откритие во германската Бундеслига. Основан пред само 11 години, Инголштад за првпат влезе во Бундес. Клубот е под покровителство на концернот Ауди и сега не се бори за опстанок, туку за пласман во европските купови. После 8. коло, клубот го делеше 4-то место со Херта и Келн и навивачите беа во екстаза. За 12 кола само Борусија Дортмунд успеала да му даде повеќе од еден гол на Инголштад сезонава. Клубот во моментов е на 10. место во Бундеслигата и се наоѓа во комфорна зона.
ХераклесМинатата година, Хераклес претрпе седум порази во седум кола и прими 20 голови на тие натпревари. Пред крајот од сезоната клубот го назначи за тренер Џон Стегеман кој никогаш претходно не бил тренер и лиценцата ја добил само три месеци претходно. Кој ризикува добива.
Стегеман на клупа ги седнал највозрасните играчи и ставил младинци. Благодарение на нивниот ентузијазам, Хераклес за влакно избегна испаѓање и заврши 14-ти од 18 клубови. Сезонава сите им предвидуваа борба за опстанок, но просечната возраст од 24 години им даде нова енергија и клубот после шест кола беше лидер со 15 бодови од пет победи. Стегеман ги остави стручњаците со отворена уста за само 350 денови направи чудо. Во моментов се 4-ти во Ередивизија, 10 места подобро од лани.
КаенТимот на Каен ја заврши 2014/2015 година на 13-то место, по што за сезонава на избраниците на Патрис Жаранд им предвидуваа слично сценарио. Сепак бодот против ПСЖ на Паркот на Принцовите кога од 2-0 се вратија на 2-2 во 93-та минута, им даваше надеж дека можат да успеат.
Сезонава одделението на Патрис Жаран не намерува да се задоволи со опстанок, напротив решени се да се борат за Европа. Во моментов се 3. место зад Лион и ПСЖ, место кое ги носи во Лигата на шампионите.
ЕибарПредминатата сезона Еибар за првпат избори пласман во Сегунда, втората по ранг лига во Шпанија. Но не придаваа голем значај на тоа. На крајот сепак стигнаа до можноста преку два натпревари од плејофот да направат подвиг и влезат во Примера. Им успеа и за првпат во историјата влегоа во Ла Лига.
Еибар е прав народен клуб, во провинцијата Гипускоа во Баскија. Котизацијата за учество во Ла Лига изнесува 2 милиони евра, на Еибар му фалеле 400.000, по што ставија на продажба околу 39.600 акции. Навивачите му помогнаа на миленикот да обезбеди лиценца. Наспроти сите прогнози, Еибар сезонава има дури 19 бодови и само 2 порази и тоа од Барселона и Атлетико Мадрид. Во моментов се 6-ти во првенството, дури 12 места подобри од лани ова ова време.
НЕК Нејмеген
Иако сезонава се придружија во најдобрата холандска лига, за Нејмеген не може да се каже дека е новајлија во најдоброто друштво. На почеток на сезоната поставија цел да опстанат во Ередивизија. Во почетокот работите одеа тешко. НЕК постигна само два гола во првите 6 кола.
Минатата година Нејмеген даде 100 голови на 38 натпревари. Продажбата на најдобриот стрелец од лани Шурд Арс во НАК Бреда негативно се одрази на екипата. Сепак играчот од средниот ред, Кристиан Сантос го замени Арс во целост и даде гол на секој натпревар. Во моментов го заземаа 7. место во Ередивизија, дури 9 места подобро од лани.